Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(171 оцени)

Историчарка - Елизабет Костова

"Тебе, сензибилен читателе, ти ја предавам својата историја"... 
Една доцна вечер, разгледувајќи ги книгите во големата библиотека на нејзиниот татко, една млада девојка ќе наиде на една многу стара книга чиишто страни се наполно празни, а на кориците нема ништо освен изрезбарен змеј. Навистина чудно.... заедно со книгите се и еден куп пожолтени писма, адресирани до Мил мој несреќен наследнику.

Овие писма ќе ја вовлечат во еден свет за кој таа не ни сонувала дека постои - лавиринт каде тајните на минатото на нејзиниот татко и мистериозната судбина на нејзината мајка се испреплетени со вистината за најголемото зло на источноевропскиот фолклор: Дракула, односно Влад Цепеш.

Оцена
(294 оцени)

Демонот и госпоѓица Прим-Пауло Коелјо

Кога најмалку очекуваме, животот пред нас поставува пресуден предизвик кој ги доведува во искушение нашата храброст и нашата волја за промена. Во тиe мигови, најлошо е да се сака ништо да не се случи, или да се бара изговор во неподготвеноста.

Предизвикот нема да чека. Животот не се осврнува назад.

Една недела е повеќе од доволно време за да донесеме одлука дали ќе ја прифатиме или ќе ја отфрлиме својата судбина.

Човековиот род, од своите почетоци, е осуден на вечен раскол, на балансирање меѓу двете крајности - Доброто и Злото.

Оцена
(535 оцени)

Мајсторот и Маргарита

Москва станува небезбеден град кога во него ќе се појават професорот Воланд и неговиот помошник.

Овие сомнителни луѓе го отежнуваат животот на актерите, државните службеници и останатите кои се дел од режимот.

Мајсторот и Маргаритае составен од три приказни меѓусебно поврзани на многу необичен начин, читателот е просто вовлечен во еден чуден сон од кој се буди дури на крајот.

Заслугата на Булгаков е во тоа што тој успева да ја раскаже неговата комплексна приказна – или подобро:приказни – на таков начин што читателот нема да се изгуби и дури ќе ја разбере пораката и алузијата.

Оцена
(327 оцени)

Девствено сино - Трејси Шевалие

Иако ја прочитав многу одамна и рака на срце, деталноста околу содржината ми е, благо кажано, избледена, но суштината на Шевалие едноставно е сеприсутна.

I . Француско средновековие, патријархален брак, црвенокоса приврзаничка на Девицата Марија.

II . Преселба и адаптација, навидум совршена врска, единствениот Париз.

Сплет на две историски судбини, мистеријата на сината наметка и неминовната трагична жртва на малечката црвенокоса... Чудесна приказна за две жени, родени во различни времиња, кои ги поврзува длабока семејна нишка.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter