Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(330 оцени)

Осмица - Кетрин Невил

Уште една забавна мистерија, една необична и несекојдневна приказна. Основата на оваа приказна со повеќе елементи е потрагата по една шаховската гарнитура.

Оној кој ќе успее да ја спои таблата со фигурите кои се обележани со симболи со магични знамиња ќе успее да дојде до невидена моќ.

Приказната започнува со појавата на шаховскиот сет кој најпрво му припаѓал на Карло Велики и не води низ вековите до денешен ден.

Најголемиот дел од дејствијата се одвиваат во време на француската револуција.

Оцена
(294 оцени)

Престиж - Кристофер Прист

Престиж е визионерски триумф на проповедничката магија, жестоко уверлива приказна за освета и илузиите. Романот ја освои престижната британска награда Џејмс Tејт Блек меморијал, а номиниран е и за наградата Артур Кларк, како ремек-дело на волшебното проповедање...

Книга полна со чуда кои упорно ве прогонуваат. Книга која мора да се прочита!

За сите љубители на магијата!

Оцена
(796 оцени)

Вештицата од портобело - Пауло коелјо

Не бев сигурна во која категорија да ја сместам оваа книга, драма и романси, фантазија, мит, нереалност... Сепак се одлучив оваа необична, несекојдневна тема дека најмногу припаѓа во оваа категорија. Ова е стилот на Пауло Коелјо. Тој не пишува на лесни теми, те сакам, ме сакаш, тој е специфичен и уникатен. Оној кој го разбира, го сака, оној кој не го разбира го смета за тотално одлепен. Епа ова е за оние на кои им се допаднаа: Вероника реши да умре, Крај реката Педра седев и плачев и сите останати дела на Пауло.

„Кој еднаш се напил од изворот на Љубовта веќе не може својата жед да ја згасне на други извори.“

Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут.

Оцена
(643 оцени)

Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон

Каква може да биде оваа книга? Ако ги прашаме оние кои ја прочитале сенка на ветрот сите ќе се согласат дека оваа книга мора да е одлична исто како и другото дело на Зафон. Оној кој ја прочитал, знае, а оној кој не ја прочитал нека го направи тоа веднаш.

Барселона – дваесеттите години на минатиот век. Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен, младиот писател Давид Мартин, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана, во замена за богатство и можеби нешто повеќе... Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна  приказна што била почната пред многу години.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter