Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(18 оцени)

Соба за чекање

„Понекогаш, мртвите го бараат животот повеќе од оние што се живи.“

Ова е извонредна приказна исполнета со духови, мистерии, лудило и тајни што сите ќе ги изненадат.

На имотот на една поранешна рок ѕвезда се случуваат чудни работи. Тоа што порано било игралиште за децата, сега претставува страв и трепет. Сенка на еден војник постојано ги турка и ги гони подалеку од тоа место. Единствениот квалификуван е Џулијан Крид, ловец на духови, но никој не знае дека е лажливец освен неговата мала група соработници кои бараат медиумска слава. Всушност тој не верува во паранормално и се раководи со неговата физичка издржливост која му останала од времето на војната.

Оцена
(59 оцени)

Септемвриски светлини

Тој е автор на една од најубавите книги кои некогаш сум ги прочитал „Играта на ангелот“, со неа патувавме во старата Барселона и нѐ лазеа морници додека влегувавме во гробиштата на заборавените книги. Со „Сенка на ветрот“ нѝ ги откри најмрачните тајни во Барселона, а со „Марина“ нѐ внесе во еден свет на илузии и волшебства.

Овојпат нѝ го претставува последниот дел од Трилогијата на маглата, „Септемвриски светлини“ (иако мора да се напомене дека книгите немаат никаква допирна точка како содржински така и кога се во прашање ликовите). Всушност ова претставува една збирка на книги за млади со фантастични содржини и мистерии.

Оцена
(42 оцени)

Анастасија е првата книга од серијата на Ѕвонливите кедри, која без никакво сомнение ќе вевнесе во еден нов, за сите непознат свет, кој благодарение на девојката по име Анастасија, ќе разбуди во нас едни нови светлидуховни чувства.

Но, прво за авторот. Владимир Мегре е роден 1950, познат претприемач од сибирскиот град - Новосибирск во Русија.Книгите на Владимир (издадени 9) сеслучиле благодарение на неговата средба со Анастасија, како што е и насловена првата од серјата.

Средбата со Анастасија и Владимир Мерге е случајна, кога познатиот претприемач организира со неколку луѓе потрага по ѕвонливите кедри. Случајна средба со двајца старци, пак ќе биде поводот за таа потрага.

Оцена
(39 оцени)

Свртување на завртката - Хенри Џејмс

Свртување на завртката најпрво била објавувана во продолженија за потоа да биде објавена како роман. Периодот кога Хенри Џејмс го пишувал овој роман е периодот во кој најмногу се зборувало за духовните проблеми. Многу луѓе биле во потрага на одговори за смртта, а еден дел оделе и чекор понатаму, се труделе да стапат во контакт со другата страна.

Приказната започнува со група пријатели, собрани околу оган, кои раскажуваат приказни за духови (како само приказните за духови да не се доволно морничави па и огнот бил потребен) за време на Божиќ.

Еден ја раскажува приказната за гувернантата која ги гледала духовите.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter