Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(46 оцени)

Мистериозниот господин Квин - Агата Кристи

Беше тоа типична новогодишна прослава.

Но како што се приближува полноќ, господин Satterthwaite - набљудувач на човечката природа - претчувствува дека вистинската драма на вечерта допрва ќе се случува.

И така се чини кога еден мистериозен странец ќе почука на вратата.

Кој е тој господин Квин?

Новиот пријател на господин Satterthwaite е енигма. Се чини дека се појавува и изчезнува речиси како трик на светлината.

Оцена
(40 оцени)

Бескрајна Ноќ – Агата Кристи

Some are born to sweet delight,

Some are born to endless night...

Кога сиромашниот Мајкал Роџерс ќе ја открие убавата куќа кај Gypsy`s Acre и ќе ја запознаее наследничката Ели, се чини дека сите соништа ќе му се остварат одеднаш. Но тој го игнорира предупредувањето на една старица за древната клетва и злото почнува да се прикрадува во рајот. Како што Мајкал наскоро ќе открие: Gypsy`s Acre е место каде што фатални "несреќи" се случуваат...

Some are born to sweet delight,

Some are born to endless night...

Оцена
(63 оцени)

Играј, играј, играј - Харуки Мураками

Харуки Мураками се смета за исклучително значајна фигура во постмодерната литература и многу пати е набројуван меѓу најдобрите живи светски писатели.

Играј, Играј, Играј е прекрасно напишана книга која истовремено е општествено набљудување, мистерија и фантазија. Сместена во Јапонија во 80тите, во зенитот на економскиот раст на земјата, ја раскажува приказната за еден осамен новинар кој одеднаш има силна потреба да ја пронајде исчезнатата бивша девојка.

Единствената трага е хотелот во кој отседнал со неа – хотелот Делфин. Тој е постојано во некаква потрага, која не може разумно да ја оправда.

Оцена
(232 оцени)

Доктор Џекил и Мистер Хајд - Роберт Луис Стивенсон

Сте се запрашале ли некогаш колку е длабока темната страна во вас?

Не сте сигурни колку далеку можете да ја поминете границата и дали од признат господин во високото општество може да станете (не)обичен криминалец кој врши страшни злосторства?

Доктор Џекил верува дека во секое човечко суштество има две сосема спротивни страни во неговиот карактер, добра и лоша. Тој е убеден дека двеве спротиставени страни може да ги раздвои со хемикалии и својот експеримент го спроведува на самиот себе.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter