Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(19 оцени)

Доста малку сме запознаени со сите митови, приказни, песни, обичаи поврзани со Старите Словени и со Старите Словенски Богови.

Mногу повеќе сме во допир со различни светски митологи, а поради недоволен број на книжевни дела, записи, исечоци, во тој погледна некој ненамерен начин многу малку сме запознаени сословенската митологија.

Старите словени преку усмено преданије ги предавале и оставале во наследство своите обичаи, приказни, митови, верувања, но исто така денес, иако несвесно, се среќаваме со доста обичаи и верувања кои потекнуват уште од тоа време.

Оцена
(12 оцени)

Долго очекувано трето продолжение на цуклусот Наследство од Кристофер Паолини, кое и покрај сите очекувања и на наше големо задоволство не е последно.

Повторно можеме да ги проследиме авантурите на Ерагон и неговиот змеј Сафира по колосалната битка против војниците на Империјата. Секако Ерагон не е сам, и секој ќе има потреба од неговата помош. Ќе бидеме сведоци на заедничките подвизи со неговиот братучет Роран, конечно обединети под исто знаме, борејќи се против Галбаторикс и неговата магична војска. Но проблемите се сè потешки и потешки, така ќе се запознаеме и со борбата на Насуада да го задржи авторитетот над својата војска.

Оцена
(12 оцени)

Го држев лаптопот в рака и ги разгледував книгите на моите полици, барајќи некоја за која нема напишано статија на сакамкниги.мк. Се израдував кога пред очи ми излезе оваа - Богови и херои во грчката и римската митологија, напишана на оригинално на српски од Ива Новак, а преведена кај нас од Младинска Книга.

Јас многу сакам да читам за митски суштества, боговите, различните божества и нивните неверојатни подвизи. Затоа и ја купив. Верувајте, ни 1 час не ми требашр да ја прочитам. Многу интересна книга, иако има околу 90 страници. Поделена е на неколку целини. Вовед, како појаснување за митологијата, митовите и материјалната реалност, нивната распространетост и безвременост.

Оцена
(14 оцени)

„Прашките гробишта“ издаден во 2010 година е најновиот роман на познатиот италијански философ, писател и семиотичар, Умберто Еко. Според некои критичари оваа интригантна книга заостанува зад „Името на розата“ и „Фуковото нишало“ ако се земе во предвид нејзината литературна вредност.

Но Умберто Еко како да дава објаснување и оправдување за овој негов потфат да напише книга во која јасно ќе покаже како настануваат и како настанале светските заговори (Протоколите на сионските мудреци), потенцирајќи притоа дека се служи со валидни и точни историски податоци, а не со фантазија и сензација како Ден Браун.

Page 1 of 4

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter