Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(3 оцени)

Секој од нас си има своја омилена бајка, некому му е омилена Пепелашка, некому Заспаната Убавица, тука е и Снежана и седумте џуџиња, а меѓу сите тие волшебни бајки, тука е и прекрасната бајка Убавицата и Ѕверот. 

Во голем број книги, писателите вешто и умешно ги прекраскажуваат овие приказни на свој начин, а една од тие книги е Сурова Убавина од Росамунд Хоџ.

Судбината на Никс е преодредена уште од нејзиното раѓање - сè поради една будалеста спогодба на нејзиниот татко - и на нејзиниот седумнаесети роденден треба да се венча за  Игнифекс - Принц на демоните - кој живее во страшниот и морничав разрушен замок на ридот.

Оцена
(4 оцени)

Што би направиле доколку откриете дека имате посебна дарба, посебна моќ?

Дали би ја користеле да помогнете на светот или ќе ја сокриете од љубопитните погледи?

Со таа дилема се соочува Џони Смит, кој откако ќе се разбуди од петгодишната кома открива дека само со допир може да дојде до информации за некоја личност, да погледне длабоко во нејзиното минато или да ја претскаже иднината со помош на „мртвата зона “ во својот мозок.

Оцена
(10 оцени)

Скорпио трки - Меги Стифватер

“Скорпио трки“ е книга за преживувањето, за борбата за опстанок и беспрекорна храброст. Веднаш штом ја завршив со читање знаев дека мора да ја споделам тука со вас.

Книгата е прилично разиграна и опфаќа две различни гледишта и две раскажувања на момче и девојче со различна судбина. Проткаена со нивните случки, оваа книга се чита многу брзо и секогаш сакаш да трае уште подолго.

Шон и Пак се раскажувачите, па така главите го опфаќаат нивниот пат до учеството во Скорпио трките и секако самото искуство.

Една трка да се победи. Многумина натпреварувачи кои се натпреваруваат за да преживеат. Трка што се случува секој ноември.

Оцена
(10 оцени)

Волшебник - Вилбур Смит

Обвиена од магијата на Египет... Искована од жешкиот песок на времето и бескрајните пустини... Опиена од мистеријата на Пирамидите...

„Волшебник“ го означува враќањето на еден од најдобрите писатели на авантура и фантазија.

Ова е едно ремек-дело за борбата и интригата, љубовта и страста, доброто и злото. Ова е книга од оние кои кога ќе ги земеш не можеш да ги оставиш додека не стигнеш до крајот. Секоја реченица, секоја страна е исполнета со магија и некоја нова интересна случка.

Скриен во пространите и забранети пустини на Северна Африка, Таита ги поминува годините по смртта на саканата Кралица Лострис во молитва и учење.

Тој е Волшебникот, паметен во очите на античките Богови, Мајстор за магијата и натприродното.

Page 1 of 6

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter