Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Скорпио трки - Меги Стифватер

Автор 
Оцена
(10 оцени)

Скорпио трки - Меги Стифватер

“Скорпио трки“ е книга за преживувањето, за борбата за опстанок и беспрекорна храброст. Веднаш штом ја завршив со читање знаев дека мора да ја споделам тука со вас.

Книгата е прилично разиграна и опфаќа две различни гледишта и две раскажувања на момче и девојче со различна судбина. Проткаена со нивните случки, оваа книга се чита многу брзо и секогаш сакаш да трае уште подолго.

Шон и Пак се раскажувачите, па така главите го опфаќаат нивниот пат до учеството во Скорпио трките и секако самото искуство.

Една трка да се победи. Многумина натпреварувачи кои се натпреваруваат за да преживеат. Трка што се случува секој ноември.

Тоа е Скорпио трката на која може да се учествува само со таканаречен “воден коњ“ кој учесниците мора да го поседуваат. Сите тркачи треба да го одржат својот воден коњ жив и во форма до завршната линија и да победат. Некои тркачи преживуваат. Некои умираат.

Шон Кендрик, момче на 19 години е минатогодишниот шампион кој се враќа за повторно да учествува на трката. Неговиот воден коњ е добро истрениран, голем и силен. Шон е човек кој не ги покажува стравовите, а и да ги има ги држи закопани длабоко во себе.

Од друга страна, Пак Коноли е различна. Таа никогаш не планирала да учествува во трките, но судбината ѝ го налага токму тоа. Дали таа може да преживее, па и да победи како единственото девојче во трките останува да видите кога ќе ја прочитате.

За жал, “Скорпио трки“ сѐ уште не е преведена на македонски јазик, но е извондредно и интересно дело да се прочита. Во продолжение погледнете го анимираниот трејлер за книгата.

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter