Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(14 оцени)

ТОЈ УБИВА ДУХОВИ

Тесеус Касио Ловуд е седумнаесетгодишно момче, син на татко - познат ловец и убиец на духови и мајка - вештерка. 

Главното оружје за убивање на духови е ножот „Атхаме“, кој после смртта на татко му го добива Кас и сфаќа дека сега тој ги поседува истите моќи и одлучува да ја продолжи традицијата. Знаејќи дека неговиот татко е убиен од некој многу силен дух, Тес и мајка му одлучуваат да не се задржуваат на едно место подолго време. Затоа патуваат и се селат од една во друга држава или град.

Оцена
(7 оцени)

Што се случува кога приказните за пред спиење од детството ќе престанат да бидат само приказни и ќе станат реалност?

Страшната семејна трагедија спонтано го испраќа 16-годишниот Џејкоб на најважното патување во неговиот живот-патување до островот од приказните на дедо му. Малиот остров крие многу тајни за минатото на дедо му и неговите „посебни“ морничави другарчиња од фотографиите со кои Џејкоб пораснал. Тајни поврзани со чудната куќа во внатрешноста на островот, која всушност била прочуениот дом на госпоѓа Перегрин за таквите „посебни“ деца и уште почудните околности заради кои децата од фотографиите се живи и покрај бомбардирањето и се сè уште деца и покрај тоа што поминале многу години.

Оцена
(12 оцени)

Нешто што е во таа вила го влечe и привлекува Деклан Фицџералд - и самиот тој не може ја разбере својата импулсивност во купувањето на таа разрушена вила во предградието на Њу Орлеанс - уште од првиот момент кога ќе ја здогледа, тој е воодушевен и маѓепсан. На Деклан конечно му се пружа шанса да го живее својот сон, да го работи она што отсекогаш го сакал.

За таа вила се зборува дека е проколната и долго време е покриена со пајажина и прашина, пропадната - таа ќе му одземе на Деклан неброени часови за да го врати претходниот сјај и убавина. Решен да ја врати вилата во својот поранешен раскош, Деклан започнува со реновирањето, соба по соба, потпирајќи се на сопствениот труд и вештини.

Оцена
(8 оцени)

Го запознавме светот на Вампирска Академија, но тој свет сѐ уште има многу приказни да раскажува, а една од приказните е за младата алхемичарка Сиднеј која ве води во нова книжевна авантура заедно со Адриан, Џил и Еди...

Добре дојдовте во светот на новиот серијал Крвни Врски...

Сиднеј Сејџ е „алхемичарка“ (група на луѓе која преставува мост измеѓу вампирите и луѓето). 

Тие ги штитат вампирските тајни и воедно го заштитуват човечкот свет од нив и нивното постоење.

Page 1 of 11

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter