Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Надарени: Денес ме има, утре ќе ме нема - Мерилин Кеј

Автор 
Оцена
(67 оцени)

Надарени; Денес ме има, утре ќе ме нема - Мерилин Кеј

Денес ме има, утре ќе ме нема е третата епизода од серијата книги НАДАРЕНИ. Откако го прочитав првиот дел, веднаш отидов во книжара да го купам вториот дел, но бидејќи беше распродаден го купив третиот дел – оваа, според моето мислење, подеднакво фантастична книга како и првата.

Овој дел од серијалот е посветен за Емили и нејзината дарба за предвидување.

Емили ја предвидува иднината, но нејзините визии претскажуваат само неволји... И неволјите се остваруваат... Исчезна Кен... Потоа Трејси... Мартин... Аманда... Џена не веруваше во дарбата на Емили, но таа ја натера да се замисли откако ги предвиде сите овие исчезнувања.

За да ги спаси своите другари, Емили ја следи својата последна визија и писмото од Трејси и оди да ги спаси своите другари, заробени во старата куќа од соседството.

Во куќата дознаваат за злобниот план да ограбуваат банки. План на чудната девојка која постојано изгледа поинаку, а единствен начин да знаат која е таа се нејзините длабоко сини очи - секогаш исти!

Со заедничка работа, Џена, Кен, Чарлс и Мадам тргнуваат да ги спасат своите соученици...

Набргу Џена ја користи својата дарба и ги чита мислите на Клер и открива дека не било се така едноставно како „ограби ја банката и готово е, ќе не остават сами“... Клер е дел од нешто поголемо, а не само до мал грабеж.

И следува уште една авантура со деветмината надарени од Медoуброук...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Каде можам да ја купам и која е цената?

    0 Like
  • За другите градови не знам но ја има во Куманово 250ден. А на саем ја имаше за само 200ден

    0 Like
  • Јас ја купив 270 денари во книжара „Клио“ во Струга... а за тоа каде да ја купиш во другите градови, навистина не знам :/

    0 Like
  • Многу убава книга, ја процитав.. и секако сакам да ги прочитам и останатите делови..

    0 Like
  • Ги имам прочитано само првите три дела.. дали знае некој како да ги најдам и останатите?? ://

    0 Like
  • Дали сте го прочитале петтиот дел ???
    Тука сум,но не ме глеедаш??
    И тој е добар исто колку и останатите книги кога Џена оди на супендирање во Хармони Хаус.Но како и предходниот пат таа е наместена од некој...Само што тој некој е г.Џексон.Трејси Кен и Џена можат да се поврзат и кога Тејси е невидлива.Таа сака да се врати во својата видлива форма но Во одредено време не во кое било затоа што...Ајде прочитајте ја книгата!

    0 Like
  • Сите пет дела ги има во Просветно Дело по цена од 250ден.
    Се уште не сум почнала да ги читам но се надевам дека ќе ми се допаднат

    0 Like
  • Jas gi imam procitano prvite tri na makedonski, dodeka cetvrtiot del go citav na angliski.
    Isto tolku dobar e kolku i prvite tri!
    Samo sto vo ovaa kniga Ken e glavniot lik.
    Na nego eden mrtov strec mu zboruva da odi i da ja spreci vnukata da napravi nesto strasno..
    Sega ke pocnam so citanje na pettata.
    CHO, fala za vovedot :)

    0 Like
  • jas site pet gi imam procitano pa sega gi cekam drugite mnogu e dobra knigata...

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter