Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(11 оцени)

Острови по ветер

„18 април, 2078. База на проектот, ИСЛАНД.“

Првиот дел од трилогијата Skyland е Острови во ветер.

Во 23-ти век, копното на планетета Земја веќе не е рамна површина, тоа е разделено на билиони парчиња кои се наоѓаат на голема височина и орбитираат околу неа.

Се појавуваат нови суштества, луѓето не се тоа што се денес.

Но сепак главното нешто кое нѝ треба е ВОДАТА.

Убавината во книгата произлегува  начинот на кој авторот гледа врз нашата иднина и идниот свет, советувајќи нѐ на некој начин за важноста на водата како клучен елемент во нашиот живот.

Би ја препорачала книгата на сите љубители на научна фантастика.

Оцена
(11 оцени)

Огнот на животот

„Toa e она шо сме. Емоции. Ништо повеќе од чувства..."

Првиот дел од трилогијата УНИКА.

Огнот на животот е фантазија и напрегнат трилер, во кој љубовта, пријателството, желбата за моќ и оддаденоста на идеалите силно одекнуваат во брзиот развој на приказната.

Приказната во сагата се базира на нашиот свет, населен со луѓе и имагинарни димензии во кои живеат посупериорни суштества - ангели. Ликовите се дводимензионални и односот меѓу луѓето и ангелите е многу мистериозен и возбудлив.

Реалниот свет е местото наречено Maple Town, таму мрачното секојдневие е опишано на специфичен начин што ја прави книгата интересна на свој начин.

Оцена
(442 оцени)

Времеплов - Херберт Џорџ Велс

И еве уште една статија, преку која ќе се навратите назад во основното училиште, кога книгава беше задолжителна лектира во седмо одделение.

„Времеплов“ е уште едно врвно дело на англискиот книжевник, Херберт Џорџ Велс, кој очигледно навистина бил добро упатен во тајните на модерната физика, а особено добро запознаен со теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн, пред да се реши да го напише ова дело.

Главниот лик во романот е чудниот Времепловец, како што го нарекуваат неговите пријатели. Сè започнува една вечер во неговата уште понеобична куќа со лабараторија.

Оцена
(28 оцени)

Паралелен свет - Б.Д.Бенедикт

Паралелен свет. Фантазија или реалност?

„Како писател на забавна и научна фантастика, јас секако не можев да останам со скрстени раце гледајќи ги сите тие извештаи, мистериозни гласови, прикажувања, пораки на мртвите или сведочења на оние кои на сеуште необјаснив начин за момент се нашле на „онаа страна на животот“.

Психолози, филозофи, теолози, доктори на науки и останати познавачи на човечкото тело и душа, се препираат преку весниците, книгите, ТВ емисиите или по бучните холови на конгресните сали. Тие веќе не се занимаваат со прашањето „дали постои“, туку погодуваат „што е тоа“?“

Page 1 of 5

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter