Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(12 оцени)

Незапалив

Сведоци сме дека денес сè повеќе бракови се распаѓаат. Често постарите знаат да нѝ речат дека не е како во нивно време, има сè помалку љубов, секој си гледа само за себе и повеќето од младите ако наидат на мала потешкотија во бракот, решението го наоѓаат во разводот. Не знаев во која категорија да го ставам она што мислам дека дефинитивно ќе помогне на многу бракови/врски кои без разлика дали имаат кризи или се во најголемата љубов, ќе им помогне да ја сфатат суштината на вистинската љубов, врска, почит. Ако се во криза ќе си ја подобрат врската, а со тоа што ќе го знаат она што следува подолу, ќе си го исполнат бракот со љубов, да не си здосадат еден на друг и постојано да се вљубени како деновите кога се запознале. Овој текст го сместив во категоријата филм, бидејќи инспирацијата и главната идеја е токму од овој филм „Незапалив“ кој е сниман по вистински настан.

Оцена
(3 оцени)

Име: Белата Кралица
Година: 2013
Времетраење: 60 мин.( 10 епизоди)
Улоги: Max Irons, Rebecca Ferguson, Aneurin Barnard, Amanda Hale…

Филипа Грегори – име кое стои зад едни од најдобрите книги во историска фикција, едно од најпознатите нејзини дела – Другата Болејн Девојка – го зазeде залуженото и одлично место во филмската индустрија. Oвој пат BBC на малите екрани ни ја доведува новата серија Белата Кралица, иако серијата го носи тоа име, снимена е според три книги од серијалот Војна на братучедите или Војна на розите.

Оцена
(14 оцени)

Дупки

Траење: 117 мин.
Земја: САД
Режија: Ендру Дејвис
Улоги: Сигурни Вивер, Џон Воит, Патриша Аркет
Производство: Дизни

Кампот Зелено Езеро. Името асоцира на нешто убаво, зелено, покрај вода. Стенли Илнетс очекува дека ова лето ќе се освежува на брегот на некое убаво езеро. Меѓутоа, дочекува една непрегледна пустина исполнета со дупки. Тоа не е обичен летен камп, воопшто не е. Тука важи паролата:

„Ако земеш лошо момче и го натераш да копа дупка секој ден под силното сонце, ќе се претвори во добро момче“.

Стенли Илнетс, момчето чие презиме е обратно од неговото име, а го носат неколку машки предци во неговото семејство, се среќава со нови пријатели, мистичниот Управник, гуштерите со жолти дамки и легендата за убавата разбојничка.

Ретко кога може да се гледа одлична екранизација на некое прозно дело. Овојпат, се чини како целата книга да е до збор префрлена во визуелен медиум. Одличен кастинг, локации, фотографија. Се случи на телевизија да се емитува филмот, па го гледав пред да ја прочитам книгата (иако попрепорачливо би било да се избере обратниот редослед). Сепак, тоа само ја потврди успешноста на филмот (според мене). Иако изобилува со мноштво познати актери, филмот не е толку популарен или со висока продукција.

 

За книгата:

Стенли Илнетс (колку интересно, неговото презиме е неговото име, но наопаку) верува дека целата несреќа во неговото семејство датира од неговиот лош, валкан, расипан, крадец на прасиња, пра-прадедо и неговото неисполнето ветување кое активирало одредена клетва.  Под одреден сплет на околности, тој се наоѓа во еден летен камп, но не за да ужива, туку за да ја обработи казната. Казна?! Да, иако звучи чудно, тој е казнет и со судска одлука испратен на принудна работа.

Иако првенствено наменета за помлада публика, оваа книга со стилот на кој е напишана, привлекува и постари читатели. Авторот успешно спојува неколку паралелни настани, кои се поврзани со Зеленото езеро.

Зошто се копаат дупки, како се случило Зеленото езеро да биде пустина, која е мистериозната убавица - разбојник, што навистина бара Управникот и зошто сите се плашат од гуштерите со жолти дамки, ќе откриете доколку ја прочитате книгата.

Засега, за жал, книгата не е преведена на македонски јазик, не сум сигурен дека ја има и на српски/хрватски. Примерокот кој го добив е на англиски јазик, меѓутоа начинот на кој е пишувана книгата е лесен и разбирлив. Книгата има добиено многу награди во САД.

Page 1 of 14

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter