Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(27 оцени)

Повикот на дивината. Добро позната книга, за која не верувам дека не сте ја прочитале. Една од книгите-сведоци на едно време, време во кое луѓето инстанто сакале да заработат пари (и сега така е).

По одличните вести од северот, поврзани со златото, на цена се големите, силни, цврсти и мускулести кучиња. 

А токму едно такво куче е Бак. Бак е куче во добро ситуирано семејство, живее на голем и богат имот, и затоа не знае да ги цени малите работи и е лекомислен. Но, една вечер Бак го снемува, тој е препродаден и однесен далеку од дома, ако тоа му е вистинскиот дом...

Оцена
(7 оцени)

Прв роман на Милан Кундера кој сакал да го нарече Лирска доба како синоним за младоста, а токму овој роман е епопеја на младоста, поезијата и револуцијата.

“Животот е секогаш онаму каде ти не си.” – се спомнува на едно место во романот. И тоа е потполно точно, а во тоа може да ве увери секој млад човек, опиен од гордоста и нетрпеливоста што ги носи младоста. Кога си млад, спремен си да си го дадеш животот на мегдан само за да си ја заситиш гордоста.

А, што има поважно од гордоста? Животот, Лермонтов!

Оцена
(8 оцени)

„Смртта и бесмртноста се неразделив пар, посовршен од Ромео и Џулиета или Лоренс и Харди. Бесмртноста подразбира вечно судење.“ – Милан Кундера

Првиот роман прочитан од Кундера. Воодушевена сум! Кога ќе ми предложат некој нов автор кој го немам досега читано, на почеток малку сум скептична и ограничена... Но, верувајте, Кундера ги руши сите бариери и ви се отвора како цвеќе кога расцутува во пролет, а воедно и сите ваши перцепции стануваат меки, светли, нежни, ранливи...

Роман во седум дела, роман за животот, роман за човекот, роман за бесмртноста. Човекот е слика и Кундера ја опишува перцепцијата на човекот за својата слика и сликата на другите, односно како човекот себеси се гледа како човек.

Оцена
(20 оцени)

До каде сте спремни да одите за да ги остварите своите амбиции? Крадење, лажење, газење преку други луѓе? Или пак можеби... убиство?

Ова е една од оние книги кои ве обземаат целосно, ве проголтуваат и додека ги читате живеете во тој свет, сочувствувате со ликовите, но и ги осудувате нивните постапки, се чудите на некои од нив... Едноставно дишите со нив. Да, обемна е, има многу детали, но тоа е токму она што целосно ве вовлекува во приказната.

Клајд Грифитс е дете кое потекнува од сиромашно семејство, неговите родители се религиозни фанатици, па тоа е често и причина да го исмеваат. Тој се срами од своето потекло и од своите родители, сака нешто повеќе од животот, иако на почетокот не му е јасно што е тоа.

Page 1 of 28

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter