Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(27 оцени)

Повикот на дивината. Добро позната книга, за која не верувам дека не сте ја прочитале. Една од книгите-сведоци на едно време, време во кое луѓето инстанто сакале да заработат пари (и сега така е).

По одличните вести од северот, поврзани со златото, на цена се големите, силни, цврсти и мускулести кучиња. 

А токму едно такво куче е Бак. Бак е куче во добро ситуирано семејство, живее на голем и богат имот, и затоа не знае да ги цени малите работи и е лекомислен. Но, една вечер Бак го снемува, тој е препродаден и однесен далеку од дома, ако тоа му е вистинскиот дом...

Оцена
(20 оцени)

До каде сте спремни да одите за да ги остварите своите амбиции? Крадење, лажење, газење преку други луѓе? Или пак можеби... убиство?

Ова е една од оние книги кои ве обземаат целосно, ве проголтуваат и додека ги читате живеете во тој свет, сочувствувате со ликовите, но и ги осудувате нивните постапки, се чудите на некои од нив... Едноставно дишите со нив. Да, обемна е, има многу детали, но тоа е токму она што целосно ве вовлекува во приказната.

Клајд Грифитс е дете кое потекнува од сиромашно семејство, неговите родители се религиозни фанатици, па тоа е често и причина да го исмеваат. Тој се срами од своето потекло и од своите родители, сака нешто повеќе од животот, иако на почетокот не му е јасно што е тоа.

Оцена
(13 оцени)

Мартин Идн

Џек Лондон никогаш не бил писател за деца, како што многумина денес го класифицираат. Драма која ќе ви покаже колку е суров животот, но истовремено ќе ве поттикне никогаш да не се откажувате.

За оваа книга првпат слушнав од мојата професорка по англиски јазик, веднаш ми изгледаше привлечно, па отрчав до библиотеката и веднаш ја зајмив. Мартин Идн е 21-годишен морепловец кој има поминато многу во живот. Тој се вљубува во Рут Морз, 24-годишна девојка која припаѓа на буржоазијата. Кога Мартин разбира дека не е достоен за љубовта на Рут и дека нејзиното семејство никогаш нема да им дозволи да се венчаат, решава да го смени својот начин на живот.

Оцена
(24 оцени)

Однесено со виорот

„Ќе мислам за тоа утре, на „Тара“. Утре, ќе смислам некаков начин да го вратам назад. Како и да е, утре е сепак нов ден.“

Однесено со виорот е романтична книга сместена за време на граѓанската војна во Америка. Мошне сликовито е претставен животот на една богата, убава и кокетна девојка Скарлет О'Хара пред и по војната. Пред војната единственото на што таа мислеше беа фустаните, раскошните забави и флертувањето со момчињата од нејзиниот крај. Но, еден човек се издвојуваше од сите нив. Скарлет се „вљуби“ во Ашли Вилкс. Ашли пак мора да се венча со неговата братучетка, која подоцна ќе стане најдобра другарка на Скарлет.

Но, дали е таа навистина вљубена во него или пак е само нејзин хир, бидејќи некоја друга ѝ го украла?

Page 1 of 4

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter