Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(10 оцени)

Заедно со „Хамлет“, „Кралот Лир“ и „Отело“, „Макбет“ важи за една од четирите најголеми трагедии на Шекспир, а воедно е и една од најкрвавите. Во еден момент од драмата, дури и главниот протагонист кажува како предлабоко е навлезен во крвавата река на убиства што самиот ги извршил/нарачал и дека за него нема веќе враќање назад...

На почетокот на драмата, Макбет е прикажан како храбар војник, бестрашен на военото поле, каде секоја негова битка завршува со победа. Сето тоа го согледува кралот кому тој му служи, па го наградува неговиот успех. Но, неговата амбиција (како и таа на неговата жена) е кралството да биде негово, тој да биде човекот пред кого сите ќе се поклонуваат, човекот кому сите ќе му служат.

Оцена
(14 оцени)

Веселите жени од Виндзор

Повторно кога се работи за комедија која е произлезена од перото на мајсторот на литературата - Шекспир, потешко е да се напише статија. Бидејќи нема доволно зборови кои би го објасниле творештвошто што нам Шекспир нѝ го оставил во аманет - како што се вели. Чудно е да се каже дека неговиот опус брои многу повеќе комедии отколку трагедии, што е впрочем запрепастувачки фактор дека го вбројуваат во - трагедичар, а не сатиричар. Што не смета тоа за човек како него.

Единствено кажано - Вилијам Шекспир и неговото импозантно дело кое никого не може да остави рамнодушен. Не за џабе рекле само библијата има повеќе примероци продадено отколку оние на Шекспир. Вистина е така. Тој вели: „Доколку не можеш да раководиш со мечот, остави го нека те исече!“

Оцена
(49 оцени)

Сон на летната ноќ

Вилијам Шекспир – уште една ѕвезда која не престанува да свети на англиското литературно небо. Име кое сведочи за сите негови мисли преточени во грандиозни дела. И до ден денес неговите дела се преведени на повеќе јазици ширум светот и се едни од најпочитуваните дела кои воопшто биле напишани некогаш.

Шекспировиот творечкиот опус на комедии е доста обемен. Едноставно не можеш да издвоиш која комедија е најинтересна. Сепак се одлучив токму за оваа комедија, бидејќи најголем впечаток ми остави токму: „Сон на летната ноќ“. Секако името не сведочи за самото годишно време, туку за ова име се врзани три легенди кој самиот Шекспир ги позајмил од грчката литература. Тие легенди се: една за атинскиот крал Тезеј и Хиполита, втората за љубовниците Деметар и Елена, Лисандер и Хермија и третата за господарите на самовилите: Оберон и Титанија.

Оцена
(15 оцени)

Маргарет Хејл е 19 годишна убавица која штотуку се враќа дома по години поминати во Лондон. Иако е многу благодарна што имала прилика да живее во богат дом, да има соодветно образование и да живее со нејзината омилена братучетка, таа е многу среќна што се враќа во Хелстон, во најубавиот предел на Англија, Хемшир. Според неа нема поубаво место на планетата. Но, за многу кратко време целиот нејзин свет ќе биде превртен.

Дотогаш мирниот и посветен викар, г. Хејл, нејзиниот татко, ќе го искаже неговото долгогодишно сомневање во и конечна одлука да ја напушти Англиканската Црква. Нејзиниот брат, морнарски офицер, е осуден на смрт од Воениот суд за бунт против неговиот луд и агресивен капитен.

Page 1 of 5

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter