Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(7 оцени)

Прв роман на Милан Кундера кој сакал да го нарече Лирска доба како синоним за младоста, а токму овој роман е епопеја на младоста, поезијата и револуцијата.

“Животот е секогаш онаму каде ти не си.” – се спомнува на едно место во романот. И тоа е потполно точно, а во тоа може да ве увери секој млад човек, опиен од гордоста и нетрпеливоста што ги носи младоста. Кога си млад, спремен си да си го дадеш животот на мегдан само за да си ја заситиш гордоста.

А, што има поважно од гордоста? Животот, Лермонтов!

Оцена
(8 оцени)

„Смртта и бесмртноста се неразделив пар, посовршен од Ромео и Џулиета или Лоренс и Харди. Бесмртноста подразбира вечно судење.“ – Милан Кундера

Првиот роман прочитан од Кундера. Воодушевена сум! Кога ќе ми предложат некој нов автор кој го немам досега читано, на почеток малку сум скептична и ограничена... Но, верувајте, Кундера ги руши сите бариери и ви се отвора како цвеќе кога расцутува во пролет, а воедно и сите ваши перцепции стануваат меки, светли, нежни, ранливи...

Роман во седум дела, роман за животот, роман за човекот, роман за бесмртноста. Човекот е слика и Кундера ја опишува перцепцијата на човекот за својата слика и сликата на другите, односно како човекот себеси се гледа како човек.

Оцена
(30 оцени)

Канцониер

Еднаш постоеше човек кој силно сакаше, а љубовта не му беше возвратена. Еднаш Бог на еден човек му подари дар - сѐ што ќе му дојде на мисла да го остави на хартија. И успеа тој да ги сплоти во едно.

Низ 366 песни (317 сонети, 29 канцони, 9 сестини, 7 балади и 4 мадригали) Петрарка успева да продре длабоко во своето срце и на површина да ги извади сите негови копнежи, стравови и возвишувања.

Негова вечна инспирација е Лаура. Поетот ја идеализира нејзината убавина возвишувајќи ја над сите жени што ги запознал. Ѝ посветува толку љубов низ стиховите, каква што ниеден друг маж не посветил на ниедна жена. Секој нареден стих ја величи сѐ повеќе и повеќе.

Оцена
(17 оцени)

...Се бара читател кој е подготвен да ужива во секој напишан збор...

Токму ова го пишува на предната корица од оваа книга, верувам сосема доволно за да го побарате и да го прочитате ова дело.

Јас донекаде би се сложил со првата реченица, иако лично не ми остави кој знае колкав впечаток, сепак би ја оценил со 3ка, можеби овде се работи веќе и за личен вкус, но ве уверувам дека нема да згрешите ако ѝ дадете шанса на оваа кратка книга.

Дон ДеЛило се вбројува во едно од најистакнатите книжевни имиња на американската литература во втората половина на ХХ-от век, а овој негов краток роман неколку пати е номиниран за најдобро дело минатата година.

Page 1 of 6

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter