Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Издавачкиот центар ТРИ деновиве ја промовираше својата нова едиција на книги поддржана од  програмата Креативна Европа на Европската унија. Оваа уникатна едиција се состои од седум висококвалитетни книжевни дела од автори како Роберто Болањо, Мишел Фабер, Ласло Краснахоркаи, Норман Манеа, кои за првпат добиваат свои изданија на македонски јазик. Проектот има за цел да го одведе читателот на книжевно патување низ различните културни предели на Европа, како и да ја промовира книжевноста од помалку застапените земји какви што се Унгарија, Кипар, Романија, Шведска. Она што веднаш паѓа в очи е одличната реализација на овие дела, од мајсторски изработениот превод до дизајнот и изгледот на секоја од книгите.


2666 од Роберто Болањо

 превод oд шпански: Катерина Јосифоска

 

Книжевната врска меѓу Европа и Јужна Америка отсекогаш била мошне силна, посебно во Шпанија, која во минатиот век претставуваше втора татковина на некои од најголемите писатели од континентот. И Чилеанецот Роберто Болањо значителен дел од својот живот минува на медитеранскиот брег, во близина на Барселона. Таму ги создава своите најпознати дела, кои и самите претставуваат еден вид книжевно патување помеѓу овие континенти, раскажувајќи приказни кои често се случуваат во различни културни средини. 

Четворица книжевни критичари од Европа тргнуваат во потрага по исчезнатиот германски писател Бено фон Арчимболди, ѕвезда на светската книжевност и долгогодишен сериозен кандидат за Нобеловата награда. Нивната потрага по славниот романсиер кој се повлекува од јавниот живот ќе ги одведе до градот Санта Тереса во Мексико, каде што одеднаш почнуваат низа мистериозни убиства на жени. Откако судбините на ликовите се преплетуваат во петте дела на романот 2666, се чини дека меѓу серискиот убиец во пустинскиот мексикански град и славниот германски писател постои неочекувана, иако не сосем сигурна врска.

 

 

Меланхолија на отпорот од Ласло Краснахоркаи

превод од унгарски: Златко Панзов

 

Една од задолжителните станици на книжевната прошетка низ Европа е Унгарија – земја позната по својата јазична и културна специфичност. Сместена во центарот на Европа, нејзината литература изобилува со силни книжевни гласови кои го освојуваат европскиот простор на почетокот на XX век – Ендре Ади, Леринц Сабо, Деже Костолањи, а подоцна и Ференц Јухас.

 Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано унгарско гратче. Циркусот кој ветува дека ќе го прикаже препарираното тело на најголемиот кит на светот пристигнува среде глува зима и предизвикува бизарни озборувања кај мештаните. Се шепоти дека циркусантите имаат злокобни намери, а преплашените жители се фаќаат за секаков феномен во кој наоѓаат привиден спокој – музика, космологија, властољубие. Ликовите во романот се незаборавни: злобната г-ѓа Естер, која крои планови да го заземе градот; нејзиниот маж слабак кој се повлекол од светот; кревкиот Валушка со главата во облаци, кој е наедно и херојот во книгата, единствената чиста и благородна душа... 

СУЛТАНОВИОТ ХАРЕМ

ДРАМАТИЧНА, НЕЗАБОРАВНА ПРИКАЗНА ЗА СУРОВОСТ И СТРАСТ, СМЕСТЕНА ВО СРЕДИШТЕТО НА ОСМАНЛИСКОТО ЦАРСТВО

Во Константинопол владее само еден човек султанот Сулејман Величествениот. Во срцето на неговата палата се наоѓа харем, во којшто живеат стотици божествени девојки некои од нив сопруги, некои конкубини, а некои само обични робинки. Меѓу нив се и Гилбехар, султановата миленичка и мајката на неговиот наследник; Јулија, ќерката на еден италијански благородник, грабната кога се обидела да побегне од Венеција заедно со својот љубовник и Хирем, Татарка од руските степи. Секоја од овие три жени е преубава, но Хирем е најопасна бескрупулозна во својата желба да владее со харемот, а, на крајот и со самиот султан.

Мудра и моќна, таа внимателно ја планира пропаста на своите ривалки и му се умилкува на владетелот, ставајќи се себеси во самиот центар на царската моќ. Маѓепсан од оваа девојка, Сулејман ќе ги изгуби своите сојузници и своите синови, а на крајот ќе остане и без царската лоза. Неодолива приказна за еден свет на интриги, сензуалност и моќ, во чие царство не владеат ни силата, ни политиката, туку неколку убави и таинствени жени зад ѕидовите на харемот.

НЕОДОЛИВА ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН СВЕТ НА ИНТРИГИ, СЕНЗУАЛНОСТ И МОЌ, ВО ЧИЕ ЦАРСТВО НЕ ВЛАДЕАТ НИ СИЛАТА НИ ПОЛИТИКАТА, ТУКУ НЕКОЛКУ УБАВИ И ТАИНСТВЕНИ ЖЕНИ ЗАД ЅИДОВИТЕ НА ХАРЕМОТ

 

МАСОНСКИ МОЗАИК

Извонредна можност да ја разберете реалната суштина за „големата слика”, да го согледате целосниот приказ на комплексниот „масонски мозаик”, да добиете генерална претстава за Масонеријата - најмистичниот и најконтроверзен глобален феномен на хуманата цивилизација. За прв пат, во достапна печатена форма за широката читателска публика, јасно, провокативно отворено и возбудливо пренесени личните погледи на актуелен Масон од Република Македонија!

Преку изворно сведоштво, дознајте ја вистинската сторија за почетоците, динамичниот развоен процес и големото финале за регуларно основање на историски првата „Голема Ложа на Македонија”.

Книга која на современ начин, со поглед од 21-от век, нуди сеопфатни одговори, лични коментари и толкувања за вечните прашања и дилеми - што е Масонеријата!?

 

ГРАДИНА НА ЛАГИТЕ

Роуз и Рејчел растат во различни средини. Рејчел, опружена со луксузот на Менхетен, како принцеза, одлучна во својата намера да стане позната докторка. Роуз, израсната во сиромашен кварт во Њујорк, подлегнува премлада на својата љубовна страст, а потем, бегајќи од своето скршено срце, наоѓа утеха во својата успешна адвокатска кариера.

Ниту една од нив не знае за тајната која ги поврзува – тајната која почнува со нивното раѓање и која ги спојува уште повеќе откако обете се вљубуваат во истиот згоден, фасцинантен маж. Кога конечно се среќаваат лице в лице, тие ја дознаваат целосната вистина за себе и за нивното минато.

 

ЧИТАТЕЛОТ ВО ФАБУЛА

Читателот, кој е секогаш покрај нас, секогаш над нас, секогаш зад петиците на текстот, ќе го внесеме во текстот. Ова е еден од начините како да му се укаже доверба но, едновремено, да се ограничи и да се контролира. Меѓутоа, требаше да се направи избор: или да се говори за задоволството што го дава текстот или за тоа зошто текстот може да нуди задоволство.

 

ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ДАДИЛКА

Кој не би ја сакал оваа работа?

Трудејќи се да дипломира на Њујоршкиот универзитет и да си купи сопствен стан, дадилката Нени се вработува кај богатата фамилија Икс. Нејзината задача е да го чува нивниот син единец, но се соочува со мајката која не работи, не готви, не чисти, ниту го воспитува сопственото дете.

Кога бракот на мајката и таткото ќе почне да се распаѓа, работата на Нени се претвора во невозможна мисија да го зачува менталното здравје на четиригодишното дете, својата личност и, што е најважно, да ја задржи смислата за хумор.

Дневниците на една дадилка вешто го опишува начинот на којшто привилегираните Американци ги воспитуваат своите разгалени деца – небаре ги подготвуваат за натпреварот „Најдобар меѓу најдобрите”.

Оваа наизменично комична и остра сатира го исмева начинот на живот на членовите на високата класа во Менхетен.

Page 1 of 13

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter