Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(13 оцени)

Ова е една трогателна автобиографија на Естер Гулшан во која се опишани нејзината борба, истрајност и вера.

Продадена во над 200.000 примероци ширум светот ова е една неверојатна вистинита приказна за слободата и едно чудесно исцелување на муслиманска девојка која ја наоѓа верата во Исуса Христа.

„Мојот живот течеше мирно сè до мојата посета во Англија, кога имав четиринаесет години. Оваа посета на некој начин смени сè, предизвикувајќи низа неочекувани последици. Секако, не си го ни замислував тоа додека чекав во една хотелска соба во Лондон со своите слугинки Салимом и Семом.

Оцена
(4 оцени)

Ракописот од Акра го открил англискиот археолог Сер Валтер Вилкинсон во 1974 година. Напишан е на три јазици: арапски, хебрејски и латински. Потекнува од Акра, град надвор од територијата на Египет, по што го добил и името. Синот на Сер Валтер во 2011 година му испраќа копија од текстот. Тоа е една живописна приказна напишана од еден жител на Акра кој го запишал сето она што го слушнал  од  Коптот  вечерта на 14 Јули 1099 година. Вечерта спроти нападот на опседнатиот Ерусалим.

На жителите им е даден избор или да го напуштат градот или да се бранат. Соочени со непријателот, таа вечер на истиот оној плоштад каде што пред еден милениум Понтиј Пилат, римскиот гувернер, им го предава Исус на разбојниците, група жени и мажи го посетуваат раскажувањето на гркот познат како Копт.

Оцена
(2 оцени)

Можеби едно од најпоставуваните прашања на човечкиот вид – Која е смислата на животот? Дали воопшто постои смисла и ако постои, која е, каков ѝ е вкусот, допирот, мирисот ако може да се дрзнеме да поставуваме вакви прашања. Но, не е сѐ во прашањето, ами и во одговорот...

Која е смислата на животот е прашање што наликува на прашањата од типот „Кој е главниот град на Албанија? “ или „Која е бојата на слоновата коска?“ Секако, прашањата понекогаш ни изгледаат премногу наивни и едноставни за да се потрудиме да ги одговориме. Но, јас мислам дека прашањето треба да го бараме во самиот одговор ако воопшто постојат во таква формулација.

Оцена
(13 оцени)

Приказна за животот, за која мислиме дека им се случува само на другите, но всушност може да му се случи на секој. 

Навидум едноставна приказна, за која во себе си велите, што може да знае едно тригодишно девојченце? Но, како што ги вртите страниците и повеќе навлегувате во приказната, го менувате мислењето. Едноставниот начин на раскажување на почетокот девојченце, а подоцна и многу паметно девојче, го одзема здивот со искреноста и љубопитноста. На прв поглед овие 65 страни изгледаат малку и некако непривлечно, поради тоа што обично романите имаат повеќе страни, но кога ќе ги прочитате првите неколку, сфаќате зошто овој прв роман на Паола Бомбара, е толку необичен, а сепак на некој начин ни покажува како е „зад сцената“ кај оние кои се бореле за подобро утре, ни покажува како им е на помалите, пољубопитните, т.е како ги доживуваат проблемите на возрасните.

Page 1 of 39

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter