Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(26 оцени)

Која е нашата цел во животот? Кој е тој зрак светлина што му дава смисла на нашето секојдневие кое тече според навика? За што всушност сите се бориме?

Успех. Да. Сите ние се бориме за успех. Се бориме да се искачиме на врвот и да ја помирисаме магијата на супериорноста.

Патот до врвот е скала. Многу од оние што се обидуваат да ја искачат паѓаат и никогаш повеќе не се обидуваат. Падот ги крши, ги ништи. А некои пак, имајќи ја шансата да се качат му се предаваат на задоволството и успехот. Забораваат кои сè и ја закопуваат калта во која живееле длабоко во минатото. Ниту скалата е вистинска. Постојаната потрага е сè она што постои. Но запаметете! На врвот има место само за две стапала, едно тело и душа скитничка. Заборавете на сè и... СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ!

Оцена
(6 оцени)

Бил Гејтс претприемач и филантроп

Бил Гејтс е познат како коосновач на Microsoft и како човекот што ја моделира компјутерската ера. Но, USA TODAY, националното списание број 1, предвидува: „Неговото најтрајно влијание може да биде во областа на филантропијата, бидејќи своето богатство од 56 милијарди долари го подарува за добротворни цели“.

Луѓето што го знаеја Бил Гејтс како дете не можеа да си претпостават дека тој ќе стане толку богат во својот натамошен живот. Тој го откри својот интерес за компјутери на рана возраст и ги напушти универзитетските студии за да ја формира една од најуспешните компании во светот и да помогне во почнувањето на една нова технолошка ера. Но, бизнисот и технологијата не го дефинираат целосно лидерот на „Мајкрософт“.

Оцена
(10 оцени)

Моите правила на игра

Сите љубители на фудбалот кои редовно ги следеа натпреварите некаде на почетокот на минатата деценија сигурно го паметат ќелавкото кој ги судеше најважните дерби натпревари на италијанското првенство и во лигата на шампионите. Неговата главна карактеристика беше висината, виткото тело и секогаш мазната избричена глава. На сите љубители на фудбалот од тоа време, сигурно ќе им текне дека се работи за Пјерлуиџи Колина.

Инаку, италијанскиот фудбалски судија Колина е од поодамна пензиониран и повеќе не суди на фудбалски натпревари. Откако завршил со судиската кариера, решил својата приказна и своите размислувања да ги пренесе во книга.

Моите правила на игра претставува нетипична автобиографија.

Оцена
(31 оцени)

Богат татко, сиромашен татко

Како најдобро да дознаеме како размислуваат сиромашните, а како богатите?

Во текот на читањето на оваа книга, авторот Роберт Киосаки, сега инвеститор - милионер и автор и предавач нѐ упатува во овие насоки и во тоа како да не работиме за парите, туку парите да работат за нас. А зошто, ќе дознаеме најдобро од неговите мисли - па главната причина е тоа што тој во текот на своето детство е советуван од двајца татковци, неговиот вистински татко, високо образован човек, кој отсекогаш го советувал Роберт да има добри оцени и добра работа, но не е ни свесен дека со текот на годините ќе навлезе во т.н. „стапица на глувци“ од која подоцна тешко се излегува.

Page 1 of 7

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter