Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(13 оцени)

Приказна за животот, за која мислиме дека им се случува само на другите, но всушност може да му се случи на секој. 

Навидум едноставна приказна, за која во себе си велите, што може да знае едно тригодишно девојченце? Но, како што ги вртите страниците и повеќе навлегувате во приказната, го менувате мислењето. Едноставниот начин на раскажување на почетокот девојченце, а подоцна и многу паметно девојче, го одзема здивот со искреноста и љубопитноста. На прв поглед овие 65 страни изгледаат малку и некако непривлечно, поради тоа што обично романите имаат повеќе страни, но кога ќе ги прочитате првите неколку, сфаќате зошто овој прв роман на Паола Бомбара, е толку необичен, а сепак на некој начин ни покажува како е „зад сцената“ кај оние кои се бореле за подобро утре, ни покажува како им е на помалите, пољубопитните, т.е како ги доживуваат проблемите на возрасните.

Оцена
(14 оцени)

Дванаесет годишната Карли Конорс може да издржи многу работи. Животот може да те научи на тоа кога растеш без татко и кога живееш во Лас Вегас со мајка која повеќе од сѐ сака да се забавува, да пие, да се коцка, да менува дечковци како чорапи, да те носи на „шопинг“ по контејнери... мислам дека ви е јасно за каков живот станува збор.

Но има една работа за која дури ни тој живот ја нема подготвено. А тоа е предавството поради кое завршува во сиропиталиште, т.е центарот за социјални услуги веднаш ѝ наоѓа привремено семејство кое треба да ја вдоми додека да одлучат и видат што ќе се случува понатаму.

Оцена
(19 оцени)

Училиште за балет

Дами и господа, ви претставувам едно дело за оние кои веруваат и сакаат да успеат, напишано од познатата балерина Аурора Марсото. Овој роман има седум тонови кои ќе ве одвеат во здивот на танцувањето. Оваа прекрасна книга, полна со илустрации од Доната Пицато ќе ве однесе во балетот и познатите балетски ѕвезди.

Се зборува за единаесетгодишно девојче по име Виола со голема упорност и еден голем сон: да учи во престижното театарско училиште. Момчиња и девојчиња, од целиот свет ја очекуваат за да ги сподели со нив страста кон балетот и желбата еден ден да настапи на вистинска сцена, еден ден да биде балерина. Се случува во училиштето и центарот, проби, стравови од Мерилин, Марија Таљони како инспирација.

Оцена
(63 оцени)

Секој живот е приказна која вреди да се раскаже.

Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна. Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот.

Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст.

Page 1 of 13

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter