Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(4 оцени)

Ракописот од Акра го открил англискиот археолог Сер Валтер Вилкинсон во 1974 година. Напишан е на три јазици: арапски, хебрејски и латински. Потекнува од Акра, град надвор од територијата на Египет, по што го добил и името. Синот на Сер Валтер во 2011 година му испраќа копија од текстот. Тоа е една живописна приказна напишана од еден жител на Акра кој го запишал сето она што го слушнал  од  Коптот  вечерта на 14 Јули 1099 година. Вечерта спроти нападот на опседнатиот Ерусалим.

На жителите им е даден избор или да го напуштат градот или да се бранат. Соочени со непријателот, таа вечер на истиот оној плоштад каде што пред еден милениум Понтиј Пилат, римскиот гувернер, им го предава Исус на разбојниците, група жени и мажи го посетуваат раскажувањето на гркот познат како Копт.

Оцена
(36 оцени)

Повеќе за тајната

Малку сум разочарана од книгава. Велам МАЛКУ бидејќи не ми беше позната авторката (која инаку е и псохотерапевт), па и немав некои поголеми исчекувања. Но, морам да признаам дека се надевав дека оваа книга ќе ми даде поголем увид на книгата „Тајната“ од Ронда Бирн и можеби така ќе ги пополни сите оние празнини кои останаа откако истата ја прочитав.

Но, добро... ќе тргнам со ред за да не ве збунувам.

Ако читајќи го насловот на оваа книга си помисливте дека има некаква врска со „Тајната“ од Ронда Бирн, сосема сте во право.

Оцена
(27 оцени)

Крајно интересна содржина која ќе ви открие еден нов и (на многумина – непознат) пат... пат на духовна регресија и сеќавање на неверојатни моменти од животот помеѓу живот. Во книгава се претставени триесеттина приказни - вистински случки - спроведени и внимателно избрани од повеќемина познати специјализирани хипнотерапевти, тренери за хипноза и регресија, холистички психотерапевти, практичари и учители на реики, живот помеѓу живот – терапевти и сл. Можеби ќе ви звучи крајно луцидно... можеби премногу мистично или "To Good, To Be Truth”. Но, верувам ќе се сложите со мене дека има толку многу нешта кои не можеме да ги видиме, ниту допреме и слушнеме, а сепак постојат и дејствуваат околу нас и во самите нас...

Оцена
(38 оцени)

Фонтана на младоста - Петер Келдер

Кој е Петер Келдер? Дали е маж или пак името е всушност псевдоним на некоја жена? Колку години би можел да има, или пак како изгледа?

Сите овие прашања се уште загатка и истите ми беа дополнителен мотив да го прочитам делото насловено како “Фонтана на младоста” (со поднаслов Тибетски вежби за подмладување).

Се смета дека книгава е напишана пред некои осумдесет години и дека истата е инспирирана од еден расказ кој го напишал пријателот на Келдер, Џејмс Хилтон. Имено, токму во делото на својот пријател, Келдер го пронаоѓа семето на своите идеи и учења кои ги образложува токму во оваа своја книга.

Page 1 of 8

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter