Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Како да го излечите својот живот - Лујза Л. Хеј

Автор 
Оцена
(165 оцени)

Како да го излечите својот живот

Генерално, не сум љубител на книгите кои започнуваат со зборот - “КАКО”, бидејќи истите ги доживувам како хипнотичка сеанса и модерен начин на кој т.н. мотиватори доаѓаат до лесно заработени пари преку, жаргонски кажано, перење на мозокот. Понекогаш чувствувам дека постојат дури и премногу такви автори кои ја искористуваат туѓата болка и страдање за остварување на лична заработка и афирмирање на литературен план.

Но, оваа книга на Лујза Л. Хеј навистина пријатно ме изненади. Самата содржина, позитивниот став на авторката кој ме следеше како најверен пријател низ страниците на ова дело, стилот на изразување и едноставните примери кои таа ги користи за да го искаже својот став - сето ова е прекрасно сублимирано и адаптирано за секој читател.

Уште пред појавувањето на долгата низа на автори за само-помош чии учења зборуваат за законот на привлекување и неговата причинско-последична природа и манифестација, Хеј проповедаше за моќта на Позитивниот Ментален Став, кој изразен во вид на афирмации кои секојдневно треба да се повторуваат, може да го подобри секој сегмент од човековиот живот.

Меѓутоа, афирмациите сами по себе нема да доведат до излекување од било кој вид, доколку истите не се искажани во состојба на апсолутна благодарност кон Сеприсутниот Живот и искрено простување на себеси и другите. Имено, само чистото и искрено срце, кое е во состојба да простува и сака безусловно е на вистинскиот пат... на патот кон исцелувањето.

Оваа книга ќе ви го покаже токму тоа - како полесно да се сакате себеси и останатите, како да заборавите на минатите страдања и болки, како да верувате во моќта на сопствената мисла и збор... КАКО ДА СТАНЕТЕ НЕИСЦРПЕН ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕ, ЉУБОВ И БЛАГОСОСТОЈБА.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Фала Мари, секогаш така фино ме пофалуваш:) Верувам дека би ти се допаднала оваа книга...мислам, ионака читаш по 200 книги/неделно, една книга плус/минус не ти менува многу:))Секоја чест!!!

    0 Like
  • Оваа книга ја читав уште кога бев во средно. Некаде дома сеуште имам фотокопија од српското издание. Особено ме заинтригира оној дел за психосоматските заболувања, за тоа како нашите мисли влијаат на физичките заболувања.

    0 Like
  • Да, да..но впрочем и научно е докажано дека човековите мисли, или енергија,или како сакаш наречи ги...се или причинители или катализатори на секое заболување кое може да се јави кај човекот.

    0 Like
  • Впрочем тука лежи и вистината на молитвата - мисли или зборови со можеби најсилна енергија , ако се упатени со верба и на вистинскиот начин ... а истото важи и за афирмациите, мислам ...

    0 Like
  • Види, афирмациите се всушност потврдно искажани мисли...значи авторката укажува на тоа, да се потенцираат изјавите, или ти мислите, во позитивна конотација. Некои автори ја нарекуваат и молитва со оние три неизбежни фази - побарај, верувај и ќе добиеш. Но, самиот збор-молитва-, може да се протолкува исклучиво како термин од религијата, и затоа избегнувам да го користам. Работата на човековиот ум и кинетиката на мислата или енергијата не се нешта кои зависат од религиозната определеност на човекот. Затоа сметам дека терминот афирмација е малку посеопфатен и подобар за употреба.

    0 Like
  • Потполно се сложувам со тебе. Енергијата не е нешто зависно и поврзано со религија ... тоа сме ние и тоа постои за секого и за сечие добро и лошо ...само треба да се сфати како таа - енергијата - функционира.

    0 Like
  • ЕЕЕЕЕЕЕЕ...да ние сме енергија, но во физички,материјален свет (имаме тело, мускули, органи). Е тука треба да се бара биланс!!!

    0 Like
  • zivotot napolno mi se podobri odkako po4nav da gi primenuvam sovetite na prekrasnata Lujza ..navistina vredi da se pro4ita :)

    0 Like
  • Здраво Anarchy,
    благодарам за коментарот,и драго ми е што ти се допаѓа книгава од Лујза. Пред некој ден најдов уште една книга од неа по нашиве книжарници, но сеуште не сум ја прочитала..но штом ќе ја прочитам ќе напишам статија. Кој знае...можеби таа ќе биде уште подобра од сите кои досега сум ги прочитала од неа. Во секој случај, stay tuned:)
    Поздрав

    0 Like
  • Гостин - Jagoda R

    Каде можам да ја набавам оваа книга и колку чини?

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter