Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(7 оцени)

Земјите се како кујнски садови, а небото над нив им е поклопец.

Македонија е како она тенџере за варење виршли: мала, компактна, брзо зоврива и лесно се лади. Логично е такво тенџере да има мал капак.

За разлика од неа, Америка е како она тенџере во кое се крчка сè и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... А пак нејзиното небо е капак на сè.

Оцена
(9 оцени)

‚‚Значи, овој чуден роман го напишаа моите ликови Црвенокосата, Русокосата и Чарли Хит (од Вештица). Тие незадоволни од ролјите што сум им ги доделил таму, решиле самите да си определат судбини, определувајќи си нова тема, за која секој од нив ќе се изјасни.‘‘

Оваа книга е роман во роман, а кога ќе ја отворите ќе видите дека во неа, буквално, е сместена уште една помала книга со наслов ‚‚33,33 (Акорд Светлина)‘‘.

Главен лик во Големата книга е Ема Пил, Црвенокосата, ќерката на Математичарот.

Оцена
(9 оцени)

Мајка! Да се биде мајка е најубавото истовремено и најтешкото чувство кое една жена може да го носи на својот грб. Дефинитивно нема повозвишено чувство од онаа среќа која се јавува во душата на мајката кога го гледа своето чедо-својот ангел. Па се чуди како досега можела да живее без него, пред неговото постоење.

Но... може ли со зборови да се опише болката што се јавува во душата на една мајка кога судбината најсурово си поигрува баш со нејзиното најскапоцено богатство-детето. НЕ! Не постојат кави зборови кои би создале барем приближна слика на нејзината тага, на нејзината болка...

Оцена
(8 оцени)

Навидум вообичаен и мирен, животот на Бисера не открива многу возбудувања сè до оној ден кога младата Сара не замине во посета на оваа неверојатно силна жена, принудена да се бори со животните неприлики.

Во градината каде што цутат најубавите рози, Бисера ги открива најдлабоките тајни на своето срце, тивко раскажувајќи за најголемиот двигател на сечиј живот – љубовта и сите заплети и расплети што ја опкружуваат.

Младата Бисера од грнчарското село на југот заминува во големиот град за целосно да ѝ се промени животниот тек и да доживее љубов како онаа опишана во највоздигнатите лирски песни и најубави бајки.

Page 1 of 32

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter