Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(9 оцени)

Што треба да направиме за да бидеме среќни?

Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого?

Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак човекот кој нè придружува да одлучува каде одиме.

По патот треба истовремено да се забавуваме и да научиме да го цениме она што го имаме, и ако е потребно да почнеме од почеток, да го направиме тоа без да престанеме да веруваме во себеси.

Оцена
(69 оцени)

Ова е книга која зборува за тоа како треба да се бориме со сите негативни работи и сите проблеми кои животот секојдневно и безмилосно нѝ ги пласира. Ова е книга која нѐ учи како треба да задржиме позитивен став за сѐ во животот па дури и тогаш кога нашето здравје е загрозено или вистински нарушено.

Елбом Мич раскажува вистинска приказна инспирирана од животот на неговиот омилен и најдобар професор Моли. Имено кога Мич дипломира се поздравуваат со професорот Моли, а професорот му сугерира дека не треба да го заборави. 

Професорот Моли е човек со многу живот во себе, човек кој го сака животот, уметноста, танцот. 

Оцена
(21 оцени)

Издржи

„Зошто да издржиме?

Да издржиме за да се најдеме со самите себеси. Или едноставно, да преживееме. Да издржиме е единственото нешто што нѝ останува, кога веќе ништо не нѝ останува. Издржи. Со душата, со срцето, со твоите очи, со твоите раце, со целото твое тело. Издржи. Со нозете на земјата и со очите гледајќи кон небото. Издржи.

Секоја епизода од телевизиската серија „Ангели“ решава една клучна тема, гледана од различни точки на гледање.

Оваа книга нуди избор на текстови од секој момент од серијата и е покана за размислување, за прашување и за издржување.

Eве неколку извадоци од книгата:

Оцена
(17 оцени)

Целестинско пророштво

„Се колебаше еден миг, сѐ уште посматрајќи ме втренчено. Рече дека ракописот потекнува приближно од 600 година пред новата ера. Ја претскажувал големата преобразба на човечкото општество.“

Книгата од која започна сѐ. Книгата по чии стапки светот потона во редовите популарна психологија. Книгата која ја започна револуцијата на себеподобрувањето и себепронаоѓањето. Авантура која се голта во еден миг, букви со утроби полни древни мудрости и волшебни тајни. Нешто по чие читање човек започнува да гледа околу себе, да ги отвора сетилата, да го вдишува своето постоење и да ги препознава шансите кои нему му се препишани. Водич кон спознавањето на вистинската цел и вистинската смисла на животот. Водич кон доспевање до сѐ она кое досега нѐ одминувало.

Page 1 of 21

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter