Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Добиваат сите што играат - Д. Р. Гилберт

Автор 
Оцена
(201 оцени)

Добиваат сите што играат - Д. Р. Гилберт

Дали сте родени за лидер?

Дали сте послушен следбеник?

Или себеси се доживувате како губитник?

Сеедно во која група се пронаоѓате, сигурна сум дека оваа книга ќе ви се допадне. Она кое авторот ќе ви го понуди во делото се ефикасни начини за подобрување на квалитетот на вашиот живот.

Тој ќе успее да ви објасни како менувајќи го вашиот СТАВ, вие ќе го зголемите нивото на мотивираност, кое пак неминовно ќе доведе до ваша промена на подобро, правејќи ве врвен играч во играта наречена ЖИВОТ.

Без нималку претерување ќе кажам дека книгава ќе им биде подеднакво корисна како на оние кои сакаат да го подобрат својот деловен живот, така и на сите оние кои го чекаат ЧУДОТО кое ќе им го даде потребниот импулс за делување на било кое поле од интерес во нивниот живот. Авторот ќе ви помогне да го спознаете неограничениот потенцијалкој се крие во вас, докажувајќи ви дека Универзумот нема миленици. Никој од нас не е омилениот, уживајќи затоа во успехот. Но, она кое не прави меѓусебно различни во поглед на нашите достигнувања се нашиот СТАВ И МОТИВИРАНОСТ.

ПОЗИТИВНИОТ СТАВ ПРОСЛЕДЕН СО ГОЛЕМА САМОДОВЕРБА Е КЛУЧОТ НА УСПЕХОТ. Но, имајте во предвид дека дозата на самодоверба која ја чувствуваме мора да биде пропорционална со големината на поставените цели. Имено, ако вашите цели ги сметате за релативно високи, тогаш за да ги достигнете истите и да ги реализирате, ќе ви биде потребна и силна т.е. голема доверба во самите себеси.

Но, што се случува ако ја немаме потребната самодоверба? И кои фактори авторот ги смета за главни причинители на недостаток на истата? Е, сега следи делот со кој авторот апсолутно ме фасцинира...Читајте внимателно...

Недостатокот на самодоверба, според авторот, воглавно произлегува од:

  • Лошата претстава која секој од нас ја има за својот физички изглед, и
  • Чувството кое го имаме во поглед на своето знаење или незнаење, недоволно образование и упатеност.

Не знам за вас, но јас по овие две изјави сум дефинитивно негов фан!!!

Понатаму во делото авторот ги дијагнозира и најголемите човекови непријатели кои го попречуваат неговиот успех - неорганизираноста на сопственото време, квалитетот на неговата комуникација со другите итн., нудејќи ви на крајот на секое поглавје препорака како овие проблеми да се надминат.

Иако делото носи поднаслов Прирачник за деловен успех, јас морам да ви нагласам да не бидете поведени по насловот, мислејќи дека се работи за дело од областа на маркетингот или нешто слично. Ова е дефинитивно прирачник за среќен и исполнет живот, бидејќи нештата за кои ќе читате се однесуваат како на постигнување на вашиот максимум во поглед на кариерата која ја градите, така и и во другите сфери на вашиот живот. Авторот е дефинитвно голем познавач на психологијата.

И за самиот крај, она од кое бев најпријатно изненадена е дека истиот работи во Белград, организирајќи бројни семинари за мотивација, лидерство, тимска работаи др. во сопствениот центар за деловни вештини. А зад звучното и егзотично име на аторот се крие всушност Драгиша Ристовски, човек кој е еден од најпродаваните автори во белградските книжарници.

Тоа е тоа... јас сум и официјално негов фан!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Уште една извонредна статија Ананда. Потполно се сложувам со насловов на книгата, зошто кој не игра, не ни добива. А ја има ли книгава на македонски, зошто знам дека ја има на српски? Поздрав:)))

    0 Like
  • И мене не ми се верува како си ја пропуштила статијава Анелим..хаха. Фала, фала...книгите ги добив и наскоро следуваат статии за книги од авторот. Александар фала на коментарот и на пофалбата:))Оваа книга ја има на македонски, издание на Матица е. А покрај таа книга, авторот има уште 5 книги, но тие, за жал, сеуште не се преведени кај нас. Поздрав и до двајцата и имајте убав викенд:))

    0 Like
  • Да Александар ја има на македонски и тоа во Матица по цена од 120 денари. Поздрав :))

    0 Like
  • Едвај чекаме Ананда другар и за следните негови книги ваква убави статии :)). Поздрав :))

    0 Like
  • Се заморив од заблагодарување..хахаха. Александра другар, малку бев во последно време преокупирана со некоја друга проблематика, па сајтов и книгите бев принудена да ги ставам во втор план..за жал. Но, ветувам дека поскоро ќе ги добиете статиите и ќе ги чекам вашите коментари. Фала за пофалбата и поздрав :))

    0 Like
  • Ви благодарам Ананда и Александра за информацијата. Цената била повеќе од поволна! Поздрав:)))

    0 Like
  • Mandy, си ја зедов пред некој ден по твоја препорака. Мора ова да се провери деновиве :)

    0 Like
  • Ајде Анелим читај, па потоа ќе коментираш. Треба наскоро да пуштам статии и од останатите дела од авторот, само малку да се подослободам од обврските. Поздрав другар

    0 Like
  • Епа и јас сум официјално негов фан, хахахахха
    Навистина, ептен ми се допадна книгава. Жонглирав малку како и по обичај со книгите од кај Марија и со мои книги, си правам mix.
    Thanks Mandy за препоракава.....

    0 Like
  • И повторно продолжуваш со твоите извонредни статии... морам пофалби да ти упатам.и да ти честитам за подарокот од самиот автор! позз4е најголемо

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter