Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Правила на овој наш сајт

Порталот Сакам Книги е прекрасно слободно место каде секој може културно да го изрази своето мислење за одредена книга, па затоа ќе наведеме само неколку едноставни и кратки правила, т.е насоки кои се однесуваат на сите членови.

 

Секој има право на свое мислење.

Како што рекле, за вкусовите не се дискутира, а со оглед на тоа што сѐ на овој сајт се врти околу книгите и различните вкусови, нема многу простор за критикување на туѓите избори, оцените со кои некој оценува некоја книга или коментарите кои ги остава за неа. Секој може да го изрази своето мислење, без разлика дали другите се согласуваат со истото и личните критики кон нечиј вкус или избор не се охрабруваат.

 

Вие сте автори на содржините на овој сајт.

Секој смее и може да пишува свои статии за книги за кои сѐ уште нема напишана статија на сајтот. Единствен услов за внесување на статии е корисникот да биде регистриран, а тоа може да го направи во неколку едноставни чекори преку формата за регистрација. Доколку некој сака да напише статија за одредена книга, потребно е прво да се провери дали веќе постои таква статија со употреба на формата за пребарување, а потоа, доколку таква статија не постои (за да не се повторуваме), корисникот може да ја напише статијата. Доколку сакате да кажете нешто за некоја книга која е веќе внесена, можете да го направите тоа во формата за коментари на крајот од статијата.

Последно и најважно правило:

 
 

Забрането прекумерно раскажување на содржината и (никако) крајот на книгата

Сакам Книги постои за да имаме место каде ќе можеме да дискутираме за книги, да си препорачуваме наслови едни на други, да се дружиме и уживаме, а не за да си ги прераскажуваме и уништуваме книгите едни на други. Оттука, ги замолуваме сите оние кои пишуваат статии, да се држат до кратката содржина која ќе звучи доволно интересно за да привлече внимание, но без раскажување на главните и клучни елементи. Не дозволувајте да ги убиеме интересот, неизвесноста, уживањето и задоволството...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Супер ви е смислено тоа со коментарите да не се критикуваат предлагачите туку книгите бидејќи секој си има различен вкус. А мене лично многу ми користи оваа страна затоа што многу "сакамкниги"

    1 Like
  • Можеби треба и коментарите да почекаат на одобрување, а и регистрациите за да не може сешто да се пишува.

    0 Like
  • Мнооогу Ви благодарам што постоите. Страницава секогаш ми помага да си одберам што следно да читам. Секако благодарам и до „пишувачите“ на статиите и коментарите за книгите. Голем поздрав. :)

    1 Like
  • Успеав да се најавам на новиот сајт :). Ми се допаѓа, само треба да се навикнам, да ми „легне“ :)

    1 Like
  • Гостин - Angela

    Ај ве молам ги ставете раскажани лектири..односно лектирите за шесто да ги раскажете во кратки црти...ЦРНИ И ЖОЛТИ,БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ :)))
    Благодарам многу!

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter