Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

За порталот сакам книги

Порталот Сакам Книги во сопственост на истоимената издавачка куќа, освен што е единствениот сајт од овој тип во земјата, исто така е најдоброто онлајн место каде што се собрани сите љубители на книги од Македонија (па и пошироко). Со илјадници фанатици за книги на едно место, се разбира дека можеме да се пофалиме со прекрасни богати содржини напишани од страна на нас и нашите членови, надополнети со различни, слични и спротивставени коментари кои несомнено можат да ви помогнат при изборот за купување нови книги.

Сакам Книги ви нуди многу опции: сакате едноставно да ги читате нашите статии за илјадници книги и да разгледувате – добредојдени сте! Сакате да бидете автор на сајтот и да пишувате свои статии и мислења за книгите кои ги имате прочитано? Слободно, задоволството е наше! Сакате да коментирате и дискутирате за различни книги и културни настани? Регистрирајте се на сајтот и почнете веднаш!

Не сте сигурни дека овој портал е вистинското место за вас?

Имаме нешто што може да ви помогне. Доколку се препознаете во повеќе од три од следниве реченици, тогаш Сакам Книги е вистинското место за вас:

  1. Сакам книги, сакам да ги читам, сакам да ги купувам
  2. Читам во секој слободен момент
  3. Секогаш носам книга со себе
  4. Секогаш ја мирисам книгата пред да почнам да ја читам
  5. Имам прекрасна домашна библиотека
  6. Мразам кога вработените во книжарниците ми ги раскажуваат книгите
  7. Читам и кога ме боли глава
  8. Никогаш не ги превиткувам страниците додека читам
  9. Би ги дал/а и последните пари за добра книга
  10. Се смеам и плачам на книги
  11. Не ги разбирам луѓето кое сметаат дека читањето е губење време
  12. Имам прочитано повеќе од 100 книги во животот
  13. Обожавам да препорачувам книги
  14. Обожавам да дискутирам за книги
  15. Обожавам убави корици
  16. Не тргнувам на одмор без книга во куфер

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Покрај секојдневните обврски секогаш се наоѓа време да се прочита нешто,(дел или цела книга).Книгата е најголемиот пријател на човекот кој му помага да осознае многу нешта,многу животни лекции,ни помага да го збогатиме нашиот вокабулар,ни помага да се пронајдеме себе си,ни ја поттикнува и зголемува имагинацијата,ни ги буди чувствата.....едноставно кажано книгата е дел од човекот и човекот дел од книгата....

    0 Like
  • Пресреќна сум што е направена оваа страна,и верувајте секој ден си одвојувам време за да влезам овде и да си прочитам нешто ново...благодарение на оваа страна ќе можам да си правам список на книги кои ќе ми бидат следни за читање...Искрен поздрав до сите љубители на пишаниот збор и до креаторите на странва.

    0 Like
  • Беше потребно да се направи ваков сајт и едно големо благодарам на Ивана што го направи.
    И една искрена лична замерка имам тоа што повеќе ми се допаѓаше стариот дизај него овој ...
    Поздрав

    0 Like
  • Пред подолго време ја имав видено страницава, но никогаш не сум имала доволно време онака детално да ја разгледам. А вистина е дека е прекрасна. Вечерва и се најавив и се чувствувам прекрасно поради тоа. Навистина има прекрасни содржини и совети кои навистина многу ќе ми помогнат да знам која книга да ја прочитам во и онака она малку време што го имам за слободна литература. Барем нема да трошам долго време на барање на интересни книги. Доволно е само да ја отворам вашава страница и проблемот е решен. Ви благодарам многу за одлукава за правење на една ваква страница. Поздрав

    0 Like
  • Зошто сакам книги ?

    Интересно прашање! Но заслужува и интересен одговор!

    Затоа што го сакам Животот!

    Fiat Lux!

    0 Like
  • Прекрасен сајт! Нависитна измислен за на „сакачите на книги“. Браво за тимот кој стои зад сево ова

    0 Like
  • Навистина прекрасно,и вистинито.Луѓето навистина ме гледаат како некоја опседната и луда бидејќи читам,и навистина кога сум на оваа страница се чувствувам како да сум дома,како да припаѓам тука,меѓу сите овие книги.За мене книгите се се поради многу причини.

    0 Like
  • Прекрасно, прекрасно, прекрасно.

    Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа!

    0 Like
  • Одвај чекам да си дојдам од работа и да почнам да читам а секако и да видам на странава што се случува... а во последно време посетувам гледам нешто со интересна содржина и веднаш ја земам книгата и не престанувам додека не ја дочитам, поготово оваа последнава Мојот личен фби агент. Просто листовите летаа во секундата кога се свртев сум ја истерала книгата за два дена.... али феноменална е.

    0 Like
  • Гостин - Тања

    Се пронајдов себсеси во реченициве.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter