Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Саем на книга 2015 - It's That Time Of The Year (05-11.05)

Драги наши сакачи на книги,

It's That Time Of The Year again и ние уживаме во секоја една напната, панична и избезумена секунда! Во тек се последните подготовки за саем, сите нови наслови се веќе спремни и испечатени, сите подароци подготвени и останува само уште да ги одбројуваме деновите до првиот саемски ден - 5ти Мај. Во последните неколку месеци работевме екстра напорно за саемот да го дочекаме со 9 нови наслови, понуда од која секој ќе може да одбере нешто за себе. Што ќе ви понудиме на 5ти Мај? И тоа со промотивни попусти до 30%?!

1. Преживеј за да раскажуваш од Лиса Гарднер - Нашиот трилер фаворит за овој саем, приказна од авторката на Јас те сакам повеќе, трилер од кој непрестајно ќе ве лазат морници.

2. Ние бевме лажговци од Е.Локхарт - Интернационален бестселер според кој се подготвува филм, YA мистерија со шокантен завршеток.

3. И одеднаш едно лето од Џули Џејмс - Најновата книга од супер ѕвездата во светот на зачинетите романси, прво во Македонија, а потоа во Америка и светот!

4. Кога мене ќе ме нема од Колин Оукли - Срцепарателна приказна во стилот на П.С. Те сакам и Првиот последен бакнеж; наша искрена препорака.

5. Прошетка по облаците од Ева Мари Еверсон - Филмуван, инспиративен роман што ќе го читате со солзи во очите и насмевка на лицето. Прекрасна драма со доза на мистерија.

6. Опасен онлајн разговор од Сара Дарер Литман - Драма, мистерија, страшно поучна тинејџерска приказна за сите генерации.

7. Еленор и Парк од Рејнбоу Ровел - Прекрасна приказна главно наменета за млади читатели, но препорачана на секој оној кој сака добра книга.

8. Можеби никогаш од Колин Хувер - Мини новела за сите кои уживаа во Можеби некогаш; еден вид на духовито продолжение на приказната за Сидни, Риџ, Ворен и Бриџит.

9. Софи и Картер од Челзи Фајн - Кратка и горко слатка тинејџерска приказна што може да се чита на секоја возраст.

Освен овие 9 најнови наслови кои за првпат ќе можете да ги купите на нашиот штанд на саемот на книга, тука се и нашите изданија кои излегоа во продажба во изминатите два месеци. И овие наслови кои исто така се нови ќе се продаваат по саемски цени:

1. Една неодолива љубов од Џули Џејмс

2. Можеби некогаш од Колин Хувер

3. Големи мали лаги од Лиен Мориарти

4. Во потрага по Алјаска од Џон Грин

5. На улица Даблин од Саманта Јанг

Саемскиот каталог може да го погледнете под овој текст, а во истиот можете и детално да прочитате за книгите, цените и подароците во текот на саемот. Ќе напоменеме и овде: со секое купување на нашиот штанд ќе подаруваме по еден интересен букмарк, а за сите кои ќе купат по 5 книги ќе следува една книга подарок која ќе можете да си ја одберете од понудените 6 во каталогот.

На сликата долу може да видите каде ќе се наоѓа нашиот штанд во текот на саемот. Следете ги стрелките за најлесно да дојдете до нас!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Одлична понуда дефинитивно, апсолутно треба да се пресметува што се ќе се купи, освен ако некој не планира сите книги да ги купи :), што покажува дека изборот е повеќе од богат и разновиден. Штета за оној трилер што требало, а нема да го има на саемот :( . Инаку од каде може да се симне каталогот, а не само да се листа, сакам да си го имам како и сите досега :) ? Поздрав Ивана и нормално се гледаме на саем :D

    0 Like
  • Ацко, каталогот може да се симне директно од Issuu, само кликни долу под него на Share, па таму имаш опција Download. Мислам само дека бара да се логираш ама може и со ФБ акаунт :) А трилерот што требаше да биде за саем, здравје Боже после саем :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter