Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Драги наши љубители на книги, Сакам книги и Матица Ви подготвија еден изненаден мини саем кој ќе ви овозможи да се почестите со некој убав нов наслов пред да дојде време за новогодишни и слични попусти. Кој ќе чека дотогаш?

Па, она што го организиравме за вас е следното: Следната недела, од 19.09 до 22.09 во двете книжарници на Матица (Матица и Матица Ексклузив) ќе има САКАМ КНИГИ денови. За време на САКАМ КНИГИ деновите, вие ќе можете да ги посетите книжарниците на Матица и да одберете КОИ БИЛО 3 од нашите изданија по одлична цена од 900 денари, цена по која едната од книгите ви доаѓа безмалку како да сте ја добиле гратис. Дел од оваа понуда нема да биде само трилогијата Игрите на гладните, бидејќи количините од трите книги моментално се при крај и не можат да се понудат како дел од оваа акција. Сите останати книги кои досега се издадени ќе бидат дел од понудата. Чекајте, има уште...

Само во сабота на 22.09, односно последниот од САКАМ КНИГИ деновите во Матица, ќе имате можност да ја купите нашата најнова книга, трилерот Исчезната без трага по промотивна цена од 350 денари. Станува збор за Њујорк Тајмс бестселер издаден во 25 земји за чие купување дефинитивно нема да зажалите. Другиот дел од понудата кој исто така ќе важи само во сабота е купувањето на Го сакам Вегас по редовна цена од 380 денари со што ќе добиете подарок книга Џени има страшно лоша недела.

Па, се надеваме дека ќе ги посетите книжарниците на Матица за време на деновите на САКАМ КНИГИ и, се разбира, дека ќе уживате во читањето на новите наслови кои ви ги подготвивме.

НАПОМЕНА:

  1. Акцијата ќе се одвива само во книжарниците на Матица, не и во другите книжарници низ Скопје.
  2. Акцијата ќе трае од 19.09-22.09, односно следната, а не оваа недела.
  3. Картичките за попуст на Матица и Сакам книги нема да важат во текот на овие 4 дена, бидејќи сите книги веќе се на попуст со акцијата и нема да има дополнителни намалувања.

 

Долго очекуваниот саем на книгата (2012) конечно ни е на прагот. За разлика од минатите години, оваа година саемот на книга за првпат ќе се одржува во две, наместо само во една хала. Тоа е прекрасна вест, очигледно показател за развојот на саемот и читателите кои од година во година ги има во сѐ поголем број. Оваа година саемот ќе се одржува во Хала 2 и Хала 3, наместо само во Хала 1 како досега. Штандот на издавачката куќа Бегемот ќе биде лоциран во Хала 2.

Тие имаат неколку нови наслови подготвени за саемот, а сите нивни книги на саемот ќе се продаваат по пониски, саемски цени. Целосниот каталог можете да го разгледате овде.

Дел од новите наслови на Бегемот кои ќе се продаваат на нивниот саемски штанд се:

„Погледите на еден кловн“ е литературно ремек-дело на еден од најголемите повоени германски автори, Хајнрих Бел.

Тоа е приказна за кловнот Ханс, којшто по разделбата со својата љубена Мари, страда од меланхолија и очај. Ханс, како своевиден изрод во општеството, е совршен негов исмејувач – тој е кловн, кој не соодветствува со религиозните стандарди на повоената германска средна класа, којашто трудејќи се да создаде атмосфера на моралност, ред и толеранција е загубена во релативизмот на вредностите.

Сепак, неисцрпната тема на љубовта ја одигрува најважната ролја.

Љубовта е причината за пропаста на Ханс, но тоа е јасен приказ дека без неа не може да се живее. Никогаш не ја запознаваме Мари. Со неа се среќаваме од неговите магливи спомени, создаваме нејзина слика благодарение на неговите длабоки размисли, погледи, тргнуваме по субјективниот пат на Ханс. Агностицизмот и духовниот раздор на главниот јунак идеално го дополнуваат мотивот на несреќната, тажна љубов, преку која Хајнрих Бел се обидува да го приближи сложениот лик на Ханс. Тешкотијата на животот во очи на болната вистина – тоа е еден од најважните мотиви во „Погледите на еден кловн“.

Скици нацртани со јаглен е избор од четири новели, коишто се сметаат за едни од најдобрите на Хенрик Сјенкјевич. Иако останале во сенка на неговиот огромен опус од историски романи, коишто на Сјенкјевич му донеле голема писателска слава, сепак неговите новели и раскази претставуваат многу важен елемент од неговото творештво.

Мајсторството во непредвидливоста на настаните е една од главните карактеристики на овие раскази. Така, тие од комични стануваат трагични, ликовите од херои стануваат губитници... Сликовитата претстава на разликата во општествените сталежи и секојдневните судбини на луѓето од руралните средини, се нишката којашто провејува во поголемиот дел од неговите раскази и новели.

Прекрасно украсената наративност, деталноста во раскажувањето и повремената директна комуникација со читателот, се карактеристиките со коишто Хенрик Сјенкјевич го освојува и најкритички настроениот читател.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter