Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Долго очекуваниот саем на книгата (2012) конечно ни е на прагот. За разлика од минатите години, оваа година саемот на книга за првпат ќе се одржува во две, наместо само во една хала. Тоа е прекрасна вест, очигледно показател за развојот на саемот и читателите кои од година во година ги има во сѐ поголем број. Оваа година саемот ќе се одржува во Хала 2 и Хала 3, наместо само во Хала 1 како досега. Штандот на Сакам Книги ќе биде лоциран во Хала 2, прецизната локација можете да ја видите на мапата во нашиот саемски каталог.

Годинава, ние за вас подготвивме повеќе изненадувања. За разлика од минатата година, оваа година излегуваме со 16 наслови од кои два се целосно нови и премиерно ќе може да се купат на саемот. Тоа се насловите Статистичка веројатност за љубов на прв поглед од Џенифер И. Смит и Перфектна хемија од Симон Елкелс. Двете книги ќе бидат понудени по промотивни цени, како и сите останати книги во нашата понуда. Дополнително, оваа година на саемот ќе имаме уште нешто ново. Со секое купување на нашиот штанд, купувачите ќе добиваат подароци. Разгледајте го целиот каталог и дознајте повеќе за подароците.

* Доколку сакате да го преземете каталогот и да го снимите на вашиот компјутер, можете да го направит тоа на овој линк. Сакаме само да потенцираме дека каталогот е поголем и потежок документ, па полесна и попрактична опција ви е да го разгледате овде.

Ние во Сакам Книги знаеме дека книгите се најдобриот подарок кој постои, па затоа оваа година решивме да организираме еден целодневен book giftshop токму пред Нова година и да Ви овозможиме да им купите на Вашите најсакани, најубави подароци. Па, еве ги сите детали на фотографиите подолу.

Време: 17.12.2011 (Сабота)

Место: Кафе бар Опера (Кај грчка амбасада)

Понуда: Сите досегашни наслови на Сакам Книги со попуст

Новости: Нов наслов од прекрасната Џули Џејмс - Нека победи подобриот по промотивна цена од 290 денари

Изненадување: Новогодишни пакетчиња од книги по уште пониски цени

Преземете го целиот каталог овде и разгледајте ја целосната понуда.

И секако, ве очекуваме следната сабота, да си купите по некој подарок за себе или за вашите најблиски, да се напиете кафенце или чајче со попуст за купена книга и доколку уште не сме се запознале, конечно да се запознаеме...

Потврдете го своето присуство на Facebook!



Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter