Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Подготвени сте за саем на книга?!

Има луѓе кои се тресат од возбуда кога треба да одат на интервју за работа, кога треба да одат на прв состанок, ноќта пред одење на одмор, кога купуваат нов автомобил... Не овде, овде ние имаме сосема поинаква причина поради која се тресеме од возбуда и која ноќва нема да нѝ даде сон - УТРЕ ПОЧНУВА САЕМОТ НА КНИГИ.

Дали има потреба да Ве прашаме дали ќе бидете таму? Знаеме дека не е потребно. Тоа е ден кога љубителите на книгите од цела земја се собираат сите на едно место во период од 4-5 дена. Еуфорија, возбуда, среќа, нетрпение, дали ќе има уште примероци од книгата која толку ја сакам, дали ќе успеам меѓу првите да грабнам од онаа популарна нова книга, дали ќе имам доволно пари за да купам сè што сакам, дали ќе има потреба два пати да се вратам на саемот...

Тогаш ајде да се подготвиме за саемот... Сакам Книги за вас прави кратко резиме на понудата на неколку издавачки куќи за да можете уште сега да го подготвите вашиот список за купување на саемот и да пристигнете таму подготвени.

Еве дел од каталозите со супер саемски цени:

  1. Каталог издавачки куќи Сакам Книги и Бегемот
  2. Каталог издавачки центар ТРИ
  3. Каталог издавачка куќа Ѓурѓа

Ајде, еве ја вашата можност да нѝ кажете што ќе си купите вие на саемот, воедно да нѝ препорачате што да земеме и ние! Изборот ќе биде навистина тешок, што попрво да се грабне од оваа прекрасна понуда...

САКАМ КНИГИ БРОЈ 1 ПРЕПОРАКИ ЗА САЕМ:

  • Игрите на гладните од Сузан Колинс - (САКАМ КНИГИ)
  • Го сакам Холивуд од Линдзи Келк - (САКАМ КНИГИ)
  • Таинствениот пламен на кралицата Лоана од Умберто Еко - (БЕГЕМОТ)
  • Крстоносци од Хенрик Сјенкјевич - (БЕГЕМОТ)
  • Полиња со диви нарциси од Винка Саздова - (ТРИ)
  • Смртта е непроверена гласина од Емир Кустурица - (ТРИ)

Локација на штандовите на саемот со ознака на штандот на Сакам Книги и Бегемот

Уште една саемска сезона полна со новитети. Како и секогаш, за да ги задоволат вкусовите и интересите на илјадниците вљубеници во книгата кои секојдневно го посетуваат Саемот на книгата, во програмата на ТРИ се вклучени некои од највозбудливите наслови од домашната и странската книжевна сцена.

Дефинитивно најголем настан оваа година е објавувањето на вториот роман на Винка Саздова, „Полиња со диви нарциси“. Авторката на Последниот чај, најчитаниот македонски роман во изминатите години со објавени фантастични пет изданија, во својот нов роман во стил на веќе докажан мајстор поставува приказна за љубовта и неверството. Иако по многу нешта различен од Последниот чај, овој втор роман на Винка Саздова е книга што ќе допре до секој оној што ќе ја земе во раце. Ова е и препорака број 1 за сите читатели.

Второ големо изненадување е автобиографијата на филмската легенда Емир Кустурица. Смртта е непроверена гласина е дневник составен од седумнаесет поглавја и исто толку автентични, провокативни и неверојатни приказни во кои Кустурица ги разголува своите мисли, стравувања, радости, грижи, љубов, непризнавање, триумфи, пријателства, политика, дилеми.. сè што му се случило од раната младост па до денес. Книга во која авторот ништо не премолчил. Буквално провокативно!

Клик овде за да го преземете целосниот каталог на ТРИ и да ги разгледате детално сите саемски наслови со одлични саемски цени!

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter