Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Конечноооо дојде време за долгоочекуваниот саем на книгата... Како што веќе знаете, оваа година за прв пат, Сакам Книги со здружени сили со издавачката куќа Бегемот, ќе се појави на саемот.

Овде може да го погледнете или преземете саемскиот каталог со понудата на двете издавачки куќи во кој ќе најдете одлични книги по уште поодлични цени. Она на што треба да обрнете особено внимание се новите наслови подготвени од страна на издавачките куќи за саемот.

Игрите на гладните од Сузан Колинс во издание на Сакам Книги е новата книга која за прв пат ќе се продава на саемот по супер промотивна саемска цена и тоа во две едиции: со тврда и со мека корица. Тоа е прв дел од неверојатната трилогија која го опседна светот, а наскоро следуваат и двете нејзини продолженија...

Бегемот од друга страна, нуди еден нов прекрасен историски роман - Крстоносци  од Хенрик Сјенкјевич како и наслов од Умберто Еко, прекрасно издание со тврди корици и слики во боја, Таинствениот пламен на кралицата Лоана. Дел од саемската понуда се и постарите наслови од двете издавачки куќи, секако, со саемски цени.

Па, клик овде и преземете го целосниот каталог за да видите што ќе оди на вашата листа за купување на саем...

Саемските понуди и каталози почнаа да излегуваат. Каква радост! Меѓу првите, ја споделуваме со вас, саемската понуда на издавачката куќа Ѓурѓа. Вадете ги своите листи, списоци, тефтери, како начин на организација и да имате и почнете со правење на списоци за купување!

Каталогот можете да го преземете на овој линк: Каталог Ѓурѓа 2011.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter