Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Дали можете да замислите колкава е радоста со вас да споделиме дека оваа година, нормално за прв пат, Сакам Книги ќе се појави на саем на книга кој ќе трае од 12 - 17 Април? Се разбира, тоа за нас е најголемото задоволство - споделувањето со вас.

Искрено се надеваме дека ова ќе биде можност конечно да се запознаеме со сите оние кои не успеаа да присуствуваат на нашиот роденден во февруари.

Со оглед на тоа дека Сакам Книги е најнова издавачка куќа и на самиот почеток од работењето, нашето појавување на саемот нема да биде самостојно туку ќе биде заедничко со уште една исто така нова издавачка куќа, Бегемот. Иако двете издавачки куќи се доста нови и немаат којзнае колкав број на книги, се надеваме дека сепак ќе го посетите нашиот штанд и заедно ќе уживаме во еуфоријата на саемот.

Доста скромно во нашата прва година на саем, со мал штанд на крајот од халата, но се надеваме дека штандот и изборот на книги ќе растат во годините што следат. Подолу се наоѓа еден цртеж на кој се обележени локациите на сите штандови годинава како и локацијата на нашиот штанд за да можете полесно да го најдете и да не се изгубите во лудиот свет на книгите...

локација на штанд на сакам книги и бегемот на саем за книги

Во следните неколку денови во пресрет на саемот, секако ќе следуваат информации за понудите на издавачките куќи, каталози и ценовници за сите нив, најава за нови наслови; и секако за нашата здружена понуда (Сакам Книги и Бегемот) која ќе има одлични саемски цени како и нови изданија подготвени специјално за саемот.

Ви останаа неостварени желби?

Среќна сабота - 29.01.2011

Издавачкиот центар ТРИ за нас подготви уште едно убаво изненадување: на затворањето на Зимскиот фестивал на книгата - сабота 29.01.2011, СИТЕ изданија на ТРИ ќе бидат на дополнителен ПОПУСТ на ПОПУСТ. А тоа значи дека нашите омилени книги само во сабота ќе се продаваат со намалување до фантастични 70%!

Не ја пропуштајте оваа можност да си направите сопствен празник и да ги исполните сите свои желби, затоа што моментно нема подобра понуда!

Среќна сабота!

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter