Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Драги наши сакачи на книги,

It's That Time Of The Year again и ние уживаме во секоја една напната, панична и избезумена секунда! Во тек се последните подготовки за саем, сите нови наслови се веќе спремни и испечатени, сите подароци подготвени и останува само уште да ги одбројуваме деновите до првиот саемски ден - 8ми Април. Во последните неколку месеци работевме екстра напорно за саемот да го дочекаме со 7 нови наслови, понуда од која секој ќе може да одбере нешто за себе. Што ќе ви понудиме на 8ми Април? И тоа со промотивни попусти до 30%?!

1. Во одбрана на Џејкоб од Вилијам Лендеј - Нашиот трилер фаворит за овој саем, правен и психолошки трилер кој ќе ве остави со подзината уста и неспособни за коментар.

2. Дете 44 од Том Роб Смит - Интернационален бестселер според кој моментално се снима филм, трилер кој НИКОГАШ нема да го заборавите и љубовна приказна која ќе ве обземе.

3. Јас и ти од Кристан Хигинс - Неодолива романса за сите фанови на Сузан Е. Филипс и Џули Џејмс. Број 1 романтична препорака од нас за оваа година! 

4. Нешто сино од Емили Гифин - Вториот дел од Нешто позајмено, романтична приказна со главен лик каков досега не сте сретнале. Преубава книга која не смее да ја пропушти ниедна девојка!

5. Без страв од Лурлин МекДениел - Нова срцепарателна приказна од авторот на Роза за балерината за сите читатели кои постојано ни пишуваа со молби за нешто ново од оваа авторка.

6. Девојката која ја бркаше месечината од Сара Адисон Ален - Љубовна и семејна драма полна со слатка магија за сите кои сакаат да си го згреат срцето во студените ноќи.

7. Само пријатели од Колин Хувер - Прекрасна приказна главно наменета за млади читатели, но препорачана на секој оној кој сака добра книга.

Освен овие 7 најнови наслови кои за првпат ќе можете да ги купите на нашиот штанд на саемот на книга, тука се и нашите изданија кои излегоа во продажба во изминатите два месеци. И овие наслови кои исто така се нови ќе се продаваат по саемски цени:

1. Светот не е фабрика за исполнување желби од Џон Грин

2. Нешто позајмено од Емили Гифин

3. Алекс од Пјер Леметр

4. Тајната на сопругот од Лиен Мориарти

5. Сонувај малку од Сузан Е. Филипс

Саемскиот каталог може да го погледнете под овој текст, а во истиот можете и детално да прочитате за книгите, цените и подароците во текот на саемот. Ќе напоменеме и овде: со секое купување на нашиот штанд ќе подаруваме по еден интересен букмарк, а за сите кои ќе купат по 5 книги ќе следува една книга подарок која ќе можете да си ја одберете од понудените 6 во каталогот.

На сликата долу може да видите каде ќе се наоѓа нашиот штанд во текот на саемот. Следете ги стрелките за најлесно да дојдете до нас!

Сите читатели знаат дека традиционалниот саем на книга во Матица секоја година почнува на 20ти Јануари, па истото важи и оваа година. Од вчера, во книжарницата на Матица можат да се купат голем број книги со убави попусти, меѓу кои и изданијата на Сакам Книги. Сите наши изданија се продаваат со попуст, постарите со поголем, поновите со помал, а згора на тоа добивате и дополнителен попуст ако имате членска картица од Матица. Ако ова не е доволно, побарајте го купонот за 10% попуст кој се делеше во Матица.

Цените на Сакам Книги се слични како за време на новогодишниот онлајн саем на книга на Купикнига, па бидејќи немавме многу време да направиме нов каталог (простете ни за тоа!), може да го разгледате новогодишниот и да си одберете книги од него. Иако може да се забележат мали разлики во цените, не заборавајте дека на цените во Матица може да добиете дополнителен попуст доколку имате купон или сте редовен купувач. Каталогот може да го разгледате на овој линк.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter