Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола од денеска до 9 јуни е домаќин и организатор на десетиот саем на книгата на кој годинава учествуваат 20 издавачки куќи од Република Македонија.

 

Саемот на книгата во Битола претставува една од најзначајните културни манифестации во регионот, информираат од Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ чии штандови се изложени во центарот на градот пред битолскиот театар.

„Изложени се дела на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литетартура, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста“, изјави Фатма Бајрам Аземовска од одделението за популаризација на книгата во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Саемот на книгата во Битола ќе биде отворен секој ден до крајот на седмицата - од 9 до 22 часот.

Се разбира, таму ќе може да се купат и сите изданија на Сакам Книги по намалени цени.

Драги читатели, 
се надеваме дека и вие, како и ние, со душа го чекате претстојниот саем на книга. Може сега да бидеме искрени? Во подготовка за овој саем, ние сме хронично ненаспани, со вкочанети грбови, со подочници, да не речам дека не видовме бел ден со недели и месеци... Сега, не го кажувам ова за да се пожалам (напротив, I'm loving it!), го кажувам за да сфатите колкава е тежината на следната изјава: Не се каеме ниту за една минута од изминатите месеци работа, бидејќи целиот труд се исплатеше, а кога ќе го погледнете саемскиот каталог ќе сфатите и зошто го велам тоа. Со оглед на тоа што Сакам Книги е практично „бебе“ помеѓу издавачите, горди сме да ви соопштиме дека за овој саем ви подготвивме 7 целосно нови наслови, едно реиздание со тврд повез, една супер акција, многу подароци и сето тоа по одлични саемски цени. Освен тоа, сите нови книги се супер наслови, толку добри што дури и кога би купувале со затворени очи, не би можеле да погрешите во изборот, сериозно.

Годинава нудиме наслови за сите вкусови, незаборавни книги за сите генерации. Имаме прекрасна историска драма - Крадци и проститутки - по супер цена од 200 денари која ќе ви открие стара, ужасна тајна на милион луѓе. Тука е Ејми ја нема (Gone girl), книгата која се заборави на листата на Њујорк Тајмс бестселери, најголемиот ХИТ за 2012 година, психолошки трилер кој ќе ви ги уништи сите следни трилери. Фатални желби, трилер-хорор мистерија, идеална за обожавателите на Стивен Кинг. Првиот последен бакнеж и Подарок за роденден, романси кои ќе ги помните со години. Крадец на колачиња - испиративни и мотивациони кратки приказни кои секој мора да ги има во својата домашна библиотека. Живот за живот, емотивна драма за млади и стари...

Ова се новите наслови кои ви ги подготвивме, а саемските цени може да ги видите во каталогот:

  1. Крадци и проститутки - Рута Шепетис (историска драма)
  2. Ејми ја нема - Џилијан Флин - (психолошки трилер)
  3. Фатални желби - Бруклин Хадсон (мистерија, трилер, хорор)
  4. Првиот последен бакнеж - Али Харис (драма, романса)
  5. Подарок за роденден - Сузан Елизабет Филипс (романтична комедија)
  6. Живот за живот - Сара Зар (YA драма)
  7. Крадец на колачиња - Џерис Авад (кратки инспиративни приказни)
  8. Точка на кулминација - Памела Клер (Реиздание со тврд повез)


Тука се и неколкуте претходно издадени, но сепак прилично нови книги кои ќе се продаваат по саемски цени:

  1. Нешто слично на љубов - Џули Џејмс (романтична комедија)
  2. Исчезната без трага - Шеви Стивенс (трилер, драма)
  3. Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс (мистерија, драма, романса)


Како да го најдете штандот на Сакам Книги на саемот?
Тоа е лесно, ќе бидеме сместени во „коцката“ со Матица, Ѓурѓа и Икона, но најлесно ќе го најдете нашиот штанд ако го барате најубавиот, највеселиот, најразличниот штанд од сите:) Ако ми замерите што звучам фалбаџиски, имајте предвид дека сум премногу возбудена и деновиве живеам во меурче од еуфорија! Ве чекаме сите од 9-15 Април, ниеден град од Македонија не е доволно далеку за да го пропуштите ова!

-

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter