Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Драги читатели, пред нас е уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата во книжарницата ТРИ, кој повеќе од кога било донесува актуелни и возбудливи литературни претставници. Ако во минатите години уживавме во книгите на Стиг Ларсон, во следните ќе ги читаме трилерите на не помалку популарните Хенинг Менкел и Камила Лекберг, кои заедно со Ларсон го сочинуваат Светото тројство на шведската криминалистичка проза.

Ледената принцеза на Лекберг и првиот дел од серијалот Валандер на Менкел, Убијци без лица, две врвни книги во својот жанр, се нашата препорака број 1 за вас за претстојниот период. Но, тука се и уште неколку големи имиња - авторката на П.С. те сакам, Сесилија Ахерн со романот Да можеш да ме видиш сега, уште една волшебна приказна за семејството, пријателството и љубовта, Франсеск Миралјес, чиј роман Посакувам да си тука ќе ве одведе на прекрасно патување во Париз, и Николо Аманити, кој ќе ви ја приреди најлудата забава што можете да ја очекувате во неговиот роман Забавата може да почне.

Каталогот на ТРИ може да го разгледате тука.

За време на зимскиот фестивал на книгата во ТРИ, изданијата на Сакам Книги исто така ќе може да се купат со новогодишен попуст до 30% во нивната книжарница. Нашиот каталог може да го разгледате под текстот или да го преземете на својот компјутер.

 

Во пречек на празниците, како и лани, Сакам Книги ви подготви нешто интересно. Прв новогодишен онлајн саем на книги во организација на нашата издавачка куќа и најголемата онлајн книжарница во Македонија - Купи книга (www.kupikniga.mk).

Секогаш кога организираме некакви акции со попусти на книги, читателите од другите градови, иако ненамерно, се чувствуваат исклучено, бидејќи тие не можат да дојдат во Скопје и да ги искористат празничните попусти. Па така, за овие празници, Сакам Книги и Купи книга ги здружуваат силите за да им овозможат на сите читатели во Македонија да ги искористат нашите новогодишни попусти.

Новогодишниот онлајн саем на книга ќе започне во среда на 12.12.2012, а ќе трае до 20.12.2012. Онлајн саемот на книга, се разбира, ќе работи 24 часа дневно. Сите наши изданија ќе бидат со новогодишни цени, како постарите, така и најновите, па секој од вас ќе може да си го искомбинира саканото новогодишно пакетче од книги. Има ли подобар новогодишен подарок?

Значи, планот е едноставен:

  • Нема гужви, нема губење време, нема мрзнење по студот
  • Има 24 супер наслови со попуст
  • Има повеќе опции за плаќање
  • Нарачувате онлајн, а нашиот Дедо Мраз ви испорачува на домашна адреса
  • Бесплатна испорака за нарачки над 990 денари

 

Купувањето новогодишни подароци никогаш не било полесно и послатко! Па... за Нова Година... САКАМ КНИГИ!

Разгледајте го празничниот каталог со попусти, одлучете кого ќе израдувате и со кои книги, а потоа направете ја својата нарачка тука.

 

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter