Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(10 оцени)

Во потрага по некое фино книгуле, како одмор после колоквиуми, налетав на книгава. Не беше многу голема, 87 страни, гледам познат автор, па си викам зошто да не? Ја земав книгата и да ви кажам не се покајав. Еден час фино лепо ми помина во релаксација, како филм да гледаш пред себе. Можеби не нешто бум, нешто невидено или нешто којзнае што, можеби секој втор хорор филм има слична тематика, ама што знам, мене ми беше сосема океј. Башка ваква книга до сега немав читано. Фино за релаксација.

Рон и Џесика Стајл се моќен пар од соништата. Тој познат пластичен хирург, таа проклето добар адвокат.

Оцена
(6 оцени)

Во потрага по нешто добро скандинавско за да сменам малку, налетав на Јохан (Џохан) Теорин, Швеѓанец кој го фалат како добар автор, па решив да прочитам нешто од него и се одлучив за првата книгата од неговиот серијал Оланд – Гласови од мртвите. За жал, не бев нешто страшно импресионирана, но ајде прво малку за кратката содржина, а потоа ќе објаснам и што не ми се допадна.

Може ли некој некогаш да се помири со исчезнување на дете? Џулија Дејвидсон не може. Нејзиниот петгодишен син исчезнал дваесет години претходно на шведскиот остров Оланд. Од него не пронашле никаква трага, за него не чуле никаков абер.

Оцена
(8 оцени)

Пекала е помладиот син од едно финско семејство (во времето кога Финска се уште била руска колонија). Татко му е погребник и на осумнаесет годишна возраст го испраќа постариот син Антон во Петроград да служи во Царската Финска Регимента. На помладиот, Пекала, му останува да го преземе семејниот бизнис, иако работата како погрeбник не е пријатна ниту пак може да се каже дека некој  ја сака. Шест месеци подоцна добиваат телеграма во која се вели дека Антон е привремено отстранет од региментата поради тоа што украл пари од друг војник. Но тој ниту се враќа дома ниту пак во региментата. Одлуката на татко му е Пекала да го завземе неговото место.

Оцена
(38 оцени)

Постои место каде што светот на светлината го среќава светот на темнината. Таму се случува сè, во земјата на сенките, каде што сè е непостојано, конфузно, несигурно.

Маркус никогаш не разговарал со никого, немал пријатели, но знае многу нешта што не би сакал да ги знае за луѓето и злото што го прават. Единствено не може да се сети кој е тој? По несреќата не може да се сети на ништо што е поврзано со неговиот живот. Клементе му е единствената врска со светот, единствениот кој може да му помогне да дознае кој е тој всушност, но неговата појава во животот на Маркус се поклопува со неговото влегување во светот на сенките, истовремено движејќи се низ светот како да не постои.

Page 1 of 37

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter