Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Библиски код - Мајкл Дроснин

Автор 
Оцена
(40 оцени)

Библиски код - Мајкл Дроснин

"За да решиш проблем што никогаш порано не бил решаван, треба да ја оставиш вратата подотворена за неизвесното".

РИЧАРД ФЕЈНМАН, носител на Нобеловата награда за физика

Библијата е Свет подарок на Бог кој нѝ е оставен за од него да учиме и да знаеме. Но дали Бог се обидел преку таа книга да нѝ каже и нешто многу повеќе? Понекогаш треба да се знае да се чита и меѓу редови. Оние реченици кои ние ги гледаме, кажуваат и друго ако знаеме како да ги протолкуваме.

Бог во таа Света книга нѝ претставил два света. Едниот е оној кој го исполнува секој ред, а другиот е оној кој е оставен на нас да го сфатиме - тоа е светот на кодови.

Мајкл Дроснин е новинар кој не верува во вакви нешта, сѐ додека не го запознае математичарот, доктор Рипс кој му ја отвара вратата на оваа мистерија. Иако тој не е ни најмалку религиозен човек, сепак, кога со свои очи ги гледа цврстите докази засновани на факти дека ова нешто постои, тој ја пишува оваа книга и решава да им каже за кодот на цел свет.

Вистинското и нерешено прашање останува:

КОГА Е КРАЈОТ НА СВЕТОТ??

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • па можеби и првиот дел е преведен,сигурно е,само ти кажувам дека јас не сум го сретнала досега.Јас го имам само "Библиски код 2"

    0 Like
  • издавачка куќа-Матица,превод Александар Стефановски,2006 година

    0 Like
  • Ја купив книгава, и сега си го чека редот да биде прочитана. Искрено, се надевам тоа ќе се случи наскоро...хаахх..Ти благодарам на препораката Бисера, дури и мојот сопруг изјави желба да ја прочита книгава само на основа на твојава статија:) Поздрав

    0 Like
  • Нема на што да ми благодариш Ананда ! Баш ми е мило што си ја купила книгава и верувај,нема да зажалиш за изборот ! голем позззз

    0 Like
  • ja procitav knigata i nekako ne mi se dopadna, statijata ovde napisana e mnogu podobra od samata kniga

    0 Like
  • Хехе,благодарам Наташа што мислиш дека мојата статија е подобро напишана од книгата,но сепак,мене ми се допадна навистина...Затоа и напишав статија за неа...Навистина има многу да се толкува во неа и додека читаш ти се чини дека секој момент ќе дојдеш до заклучокот и откритието што целата книга го бара,но сепак,не е така.Те разбирам зошто не ти се допаднала,но обиди се да се задлабочиш добро во неа,разгледај ги и сликите кои се дадени,има многу да се разбере.Голем поздрав

    0 Like
  • Штотуку започнав со читањето на книгава. Успеав и на некои други сајтови да најдам коментари на читатели, и дефинитивно голем е бројот на оние на кои книгава не им се допаднала. Сепак...секоја книга заслужува да и се даде шанса:)

    0 Like
  • Без никакво сомневање...ама баш без никакво сомневање, оваа книга ја оценувам со 1! (Овде не сакам воопшто да ми се налути Бисера како автор на статијава, или сите на кои книгава им се допаднала (ако воопшто има такви!)). Добро...ај да тргнам со ред. Постои некаков код запишан во Библијата, некаков код кој ги содржи вистините за сите настани (политички, историски...итн, итн). И што сега? што може еден новинар да направи во врска со тоа? Па...може контактира еден математичар и да почне да соработува со него, пласирајќи некаква приказна за крајот на светот. И што уште да се додаде за да биде приказната поубедлива?...ЗНАААААААМ!!! Некакви коси, хоризонтални, вертикални преклопувања(горе, долу, лево, десно)...да, да, баш такви како кога решавате некој осумнасочник. И???Дали тоа е доволно да се напише книга која (наводно) треба да ги содржи најголемите Вистини? Според мене, ова е крајно невкусен начин на споменување на Светата книга на Христијаните...и беспотребно паничење на народот. Ах да...и секако, брз и лесен начин на заработување на пари и титулата ПИСАТЕЛ.

    Сепак, Бисера ти напиша прекрасна статија..доволно за да ме заинтригира да ја прочитам книгава. Поздрав и се надевам уживаш во летниов одмор:)

    0 Like
  • хехехе,Ананда,ти благодарам за искреноста.Ја објавив оваа статија со цел да видам што другите размислуваат за неа.Да тргнеме настрана тоа дека човекот не убедува во нешто дека е вистина,туку само да замислиме дека се работи за некоја приказна.Мислам дека така веќе можеме да ја гледаме книгава поинтересна.Мистериозна е,и токму заради тоа ме заинтересира лично мене и ме натера да ја прочитам.Книгата нема крај како она што ние го нарекуваме крај-решавање на случајот или настанот кој е обработен,па затоа ја прави уште понеубава,но сепак,остава на нас да решиме како ќе ја оцениме.Мене не ми смета што овој новинар зборува за Библијата или што се обидува или не на тој начин да се прослави,мене само ми е интересен начинот на кој тој ги поврзува нештата и притоа се внесува целиот во тоа.Е токму тоа беше она интересното за мене.ПОЗЗЗ Ананда и уште еднаш ти благодарам за искреноста!

    0 Like
  • Гостин - Antoaneta

    Здраво,
    Каде може да ја најдам книгава за да ја купам?

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter