Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(9 оцени)

Многу одамна немав седнато да напишам рецензија за книга затоа што воопшто немам време и многу ми е жал – искрено ми недостига пишувањето рецензии - но следејќи ја индиректно продажбата на одредени наслови, забележав едно големо несогласување и се замислив. Имено, забележав дека еден од моите омилени трилери во изминатите неколку години, се продава океј, но не се продава ТОЛКУ колку што очекував, а повеќе се продаваат други книги кои мене лично не ми се ни на приближно исто ниво. И не се работи воопшто за продажбата, книгите вака или онака ќе се продадат, туку се работи за тоа дека во денешно време страшно тешко се наоѓа ОДЛИЧНА книга, особено кога си толку пребирлив читател како јас, па кога ќе пронајдам нешто олку добро, јас сакам да го споделам со сите и сакам приказната да ја прочитаат сите, па на крајот да можеме и меѓусебно да си коментираме и да дискутираме и да анализираме.

Оцена
(5 оцени)

Прво да кажам дека од мноооогуте прочитани книги од Агата, оваа убедливо ми е во првите две.

Прекрасен трилер кој е објавен како самостоен роман без учество на познатите Херкул Поаро и г-ѓа Марпл.

За време на септемвриски одмор повеќе ликови решаваат да се одморат во мирното место во приморскиот хотел Галс Поинт со кој управува леди Трисилијан, инвалидна старица, со помош на Мери Олдрин, предана 36 годишна немажена жена.

Оцена
(4 оцени)

Од познатиот италијански автор, Николо Аманити, уште една вртоглава приказна - „Како што сака Господ“, издадена во Милано, 2006 година. Сместена во замрен индустриски град во Италија, оваа приказна зборува за татко и син кои што имаат изградено свој свет во кој што се соочуваат со своите непријатели и внатрешните демони.

Економски-депресивното село Варано, каде што Кристиано Ѕера живее со својот татко-алкохоличар и безработник - Рино, тие се цели светови подалеку од реалниот живот во Италија, онаква каква што ја знаеме сите. Во една рамница натопена од дождот, каде што полињата и реките се граничат со складишта и прекрасни вили со пространи тревници - таму живеат таткото и синот.

Оцена
(9 оцени)

"Ќе му дадам понуда која нема да може да ја одбие" и "Човекот кој не поминува време со своето семејство, никогаш нема да може да биде вистински човек" се само дел од низата незаборавни реплики на легендарното и феноменалното филмско ремек дело "КУМ". 

Неколкупати прогласен за најдобриот филм на сите времињ, а во улоги на Марлон Брандо и Ал Пачино и во режија на Францис Форд Копола "КУМ" ќе остане засекогаш врежан во нашите сеќавања. 

Марио Пузо многу поопширно ја раскажува оваа приказна од која нема да можете да заспиете сè додека не ја завршите последната страница.

Page 1 of 17

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter