Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(11 оцени)

Исчезната

Досега најдобриот, најсложениот и најнапнатиот роман за детективката Џејн Риколи и медицинскиот истражувач Мора Ајлс. Петтата книга од серијалот Риколи-Ајлс е полна со акција и мистерија, но воедно е и потресна приказна која долго нема да ја заборавите.

Непознатата жена изгледа само како уште едно тело во мртовечницата, сѐ додека докторката Мора Ајлс не види како лешот ги отвора очите.

Воскреснатата жена, сега вон себе, итно е пренесена во болница каде набрзо ќе го убие човекот од обезбедувањето и ќе земе заложници, меѓу кои и трудната полицајка Џејн Риколи, која е пред пораѓање и во критична состојба.

Оцена
(28 оцени)

Пред некој ден налетав на уште еден неверојатен трилер на неповторливиот Шелдон, "Завера: Суден ден" која од неодамна е преведена на македонски јазик. Морам да признаам, Шелдон уште еднаш ги исполни моите очекувања, па затоа решив да ја напишам статијата поврзана со можеби еден од неговите најконтроверзни трилери.

Што е она што групата од 7 туристи патувајќи низ Швајцарија го гледа и зошто НAСА тврди дека тоа е обичен метеоролошки балон?

Доколку станува збор за само урнат метеоролошки балон зошто командантот на Американската подморница Роберт Белами итно е повикан да ги пронајде сите сведоци на настанот? И зошто патниците тврдат дека она што го виделе е урнат вселенски брод со вонземјани?

Оцена
(10 оцени)

Оливер Стоун, иако не може да се каже дека е обичен човек, воопшто не е луд како што другите мислат.

Работи веќе неколку години како чувар на гробиштата, работа која сериозно ја сфаќа и се грижи сѐ да биде како што треба. Едвај заработува за живот, но сепак тоа е најдобрата работа што некогаш ја имал. Долго време работел за владата пред да ја изгуби довербата во оние кои ја воделе неговата земја. Биле испратени луѓе за да го ликвидираат, но тие успеваат да ја убијат неговата сопруга, а ќерка му исчезнува. Како воопшто да не постоела, а сите негови обиди да ја пронајде се неуспешни.

По некое време тој се откажува од барањето на правда за неправдата што му е нанесена нему и на неговото семејство.

Оцена
(10 оцени)

Милост - Јуси Адлер-Олсен

Од скандинавските земји доаѓаат зачудувачки многу квалитетни трилери. Еден од нив е секако и романот „Милост“  од данскиот писател Јуси Адлер-Олсен.

Се работи за мистериозно исчезнување на перспективна политичарка чиј траг се губи на ферибродот помеѓу Данска  и Германија. И покрај тоа што е водена обемна истрага, таа не дала резултати. Пет години по нејзиното исчезнување, во новоформираниот Оддел „Q“ на полицијата во Копенхаген, случајот одново заживува. Иако никој не се сомнева дека се работи за самоубиство, детективскиот инстинкт на, од многумина отпишаниот полицаец, ќе открие нови траги кои можат да го расветлат случајот.

Page 1 of 5

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter