Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(33 оцени)

Ви го претставувам мојот личен фаворит за саемот на книга оваа година - правен и психолошки трилер кој ќе ве остави со подзината уста и неспособни за коментар. Ве молам послушајте го мојот совет и не заминувајте од скопскиот саем без оваа книга во една од вашите кеси!

Енди Барбер работи како јавен обвинител подолго од дваесет години. Тој е страшно почитуван во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.

Оцена
(15 оцени)

Десеттиот случај

Кога се соочувате со тригодишна суспензија, а притоа сте успешен адвокат, кој само малку ги свиткува правилата но не ги крши, и ви дозволат да изберете десет од вашите тековни случаи кои ви е дозволено да ги задржите, мора убаво да размислите кои од сите ваши случаи имаат предност пред  другите.

Во таква ситуација се наоѓа адвокатот по кривично право Харисон Џеј Вокер – Џејвокер. Судот одлучува дека неговите прекршоци се едноставно премногу бројни и премногу сериозни за да може да се занемарат и да се пресуди поинаку. Меѓу неговите прекршоци спаѓа и тоа што го имитирал судијата што го водел неговиот случај за да добие информации од полицијата, провалил во просторијата со докази само за да може тој самиот да  си направи своја анализа на некои елементи.

Оцена
(12 оцени)

Адвокатот на Линколн

Направив грешка што пред некое време прво го гледав филмот пред да ја прочитам книгата, но сега книгата е кај мене и мислам дека филмот, за разлика од други филмувани романи, е навистина доста верно поставен, ја доловува содржината на романот. Сепак книга си е книга!

Книгата ми е секогаш подобар избор!

Мајкл Халер е правобранител, доста успешен можам да кажам, кој знае како да ги добива судските случаи. Адвокат кој е навикнат на успех, делумно поради бројот на добиените случаи делумно поради тоа што потекнува од семејство на адвокати. Татко му бил познат адвокат, но бидејќи бил прилично во години кога го добил Мајкл, тој немал време да може да разговара со него околу правото.

Оцена
(13 оцени)

Постојат некои работи кои никогаш не може да се простат...

Мало момче е пронајдено мртво на игралиште за деца... Другото момче кое дента си играло со него е во својот дом, живо и тврди дека не знае што се случило со неговото другарче...

Даниел Хантер има поминато години и години во Лондон во одбрана на „изгубени случаи“. Неговата специјалност е одбраната, тој верува дека секому треба да му се даде шанса за добра одбрана без разлика дали е виновен или невин.

Но неговиот живот се менува кога тој се запознава со единаесетгодишното момче Себастијан кое е обвинето за убиството на другото невино мало момченце, неколку години помало од Себастијан.

Page 1 of 3

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter