Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Уличниот Адвокат - Џон Гришам

Автор 
Оцена
(70 оцени)

Уличниот Адвокат - Џон Гришам

Мајкл е успешен адвокат кој сакаше да напредува. Работеше во огромна адвокатска фирма "Дрејк и Свини". Неговата цел беше да стане партнер во фирмата и да заработува што повеќе пари. Тој нема време да се посвети на бракот, нема време да му фрли паричка на питачот што седи пред влезот на компанијата. Но сето тоа ќе се смени по една насилна средба со бездомник.

Животот на Мајкл се менува. Тој започнува да го истражува минатото на човекот кој ги нападна него и неговите колеги. Истражувајќи тој открива валкани тајни во минатото на неговата компанија.

Станува опасен и почнува да им пречи на мнозинските акционери.

Мајкл пропаѓа. Тој е набркан од фирмата, а неговиот брак со Клер се распаѓа. Сепак пред да замине од фирмата тој со себе зема строго доверливи документи кои може да ја уништат неговата компанија.

Сретнувајќи го Мордекај, кој е адвокат за бездомници, тој се запознава со светот во кој бездомниците живеат. Со условите во кои тие живеат, се хранат и во кои работат (ако воопшто имаат работа). Ужаснат од сето тоа тој одлучува да им помогне. Мајкл станува адвокат за бездомнци, уличен адвокат.

Книга која ќе го смени вашето мислење за американската машинерија и начинот на живот во Америка. Таму бездомниците не се третирани ништо подобро отколку тука. Книгата им ја препорачувам на сите кои сакаат добар трилер, но и на сите адвокати, а посебно на оние кои никогаш до сега се немаат грижено за своите клиенти туку само мислат на тоа како да заработат пари.

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • bas sega prebarav na googke i najdov i filmska ferzija na knigava

    0 Like
  • Книгата е прекрасна, интригантна и возбудлива...

    0 Like
  • Книгата покажува колку спротивности постојат во животот.Тоа е пораката на оваа книга.

    0 Like
  • Уффф трилерите и не ми се некоја јака страна а правото уште помалце..хаха, и навистина жал ми е да признаам дека книгава ја купив пред добри 3-4 год., веќе не помнам, и сеуште не сум се одлучила да ја прочитам..Но, добро...статијата е одлична и сигурно ќе ме катализира малку, а можеби книгава ќе ме натера и да ги засакам трилерите, така малку посериозно. Пофалби за статијата и поздрав

    0 Like
  • Procitajte ja mnogu mnogu interesna kniga.Ja citav odamna.Grisham znae da go zdrzi vnimanieto.

    0 Like
  • Книгава ми случајно падна во раце и ја прочитав за брзо време.Прекрасен трилер кој носи прекрасна порака во него.Поздрав до сите љубители на трилерите и секако до МАртина јаневска која напишала прекрасна статија:)

    0 Like
  • Каде може да се најде книгава со македонски превод ???

    0 Like
  • Статијава навистина ветува... не згрешив што ја зедов од библиотека вчера :)

    0 Like
  • Книгава е феноменална. Секако во стилот на Гришам, овој роман нималку не заосатанува зад неговите. Еден од најмоќните правни трилери. Вреди да се прочита. Сепак носи интересни и поучни работи кои вреди да се проичитаат. Инаку, статијава е прекрасна позз до Мартина :)

    0 Like
  • Гостин - Maja

    Kade mozam da ja kupam ulicen advokat?

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter