Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Преживеј за да раскажуваш - Лиса Гарднер

Автор 
Оцена
(48 оцени)

Од авторот на фантастичната „Јас те сакам повеќе“ за сите кои останаа желни за повеќе!

КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ...

Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото - и потенцијален осомничен - се бори за живот на одделот за интензивна нега.

Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.

Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.

Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.

...ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?

Не знам колкумина од вас ја имаат прочитано Јас те сакам повеќе и како ја доживеавте таа книга, но мене ми беше првата прочитана од авторката, а инстантно направи Гарднер да ми стане една од најомилените авторки на трилери. По неа, прочитав уште некои 9-10 книги од Гарднер, скоро 80% од сите книги што некогаш ги има напишано и ниту еднаш не се разочарав. Како и да е, кога би морала да бирам, би рекла дека Преживеј за да раскажуваш ми остави најголем впечаток по Јас те сакам повеќе. Ова беше книга што правеше да ме лазат морници, да не можам да ја оставам, да носам заклучоци и набрзо да се премислувам, да менувам ставови на секои 2-3 поглавја и пак да не можам да погодам како ќе заврши практично до самиот крај. Меѓу другото, главна тема во книгава се ментални болести кај мали деца, па можете само да замислите какви чувства владеат за време на читањето...

Да не навлегувам повеќе за да не откријам нешто што не треба, за крај само би ви препорачала задолжително да ја прочитате книгава, а оние кои уште ја немат прочитано ни Јас те сакам повеќе, ве предупредувам да го сторите тоа поскоро, особено затоа што тиражот е при крај и веројатно ќе биде распродаден по овогодинешниот саем на книга.

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга (2015) и ќе може да се купи на штандот на САКАМ КНИГИ по саемска цена.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 390 страници
  • Цена на книгата: 420 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

Можеби ќе ти се допадне...

  • Јас те сакам повеќе - Лиса Гарднер

    Јас те сакам повеќе - Лиса Гарднер

    „Кого сакаш?

    Тоа е прашање кое секој би требало да биде способен да го одговори. Прашање кое дефинира живот, креира иднина, ги води најголемиот број минути од нечиј ден. Едноставно, елегантно, сеопфатно.

    Кого сакаш? Тој го постави прашањето, а јас го почувствував одговорот во тежината на мојот појас со оружје, во мојот панцир, во тесниот раб на мојата полициска капа повлечена ниско над веѓите. Полека посегнав надолу кон колкот и го допрев мојот пиштол Сиг Соар со врвовите од прстите.

    „Кого сакаш?“

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Сè повеќе сакам да читам и читам трилери. Книгава морам да ја имам.
    Р.Ѕ. Кога ќе биде објавен вашиот саемски каталог?

    0 Like
  • Каталогот ќе биде објавен за 2-3 дена :)

    1 Like
  • Го видов каталогот. Не знам веќе колку време правам пресметки кои книги да ги купам. Уште не можам да се одлучам. Тоа докажува дека сте одлична издавачка куќа.:)

    0 Like
  • :):) Требаше да имаме уште еден многу добар трилер за саем ама не ни ги доставија материјалите навреме за да го сработиме, така да, ќе остане за по саем. Ете барем малку да се намали дилемата :p

    0 Like
  • И јас го видов и заклучив дека пак 90% од саемскиот буџет ќе го потрошам кај вас :) само се надевам на поиздржливи ќеси бидејќи минатата год. ми се скинаа од тежината(тоа ми е кога "претерувам со купување" ;) ) голем поздрав до сите членови и можеби ќе се видиме на саем. :D
    Р.С книгава едвај ја чекам, must have ми е џа саемот :)

    0 Like
  • Прекрасен роман искрено го препорачувам :) Иванче една забелешка до тебе: ме остави без сон :) едноставно морав да ја прочитам, не можев да ја оставам. И искрено вака добра книга да ме држи до самиот крај во неизвесност одамна немам прочитано :) Ти благодарам за препораката и за прекрасниот полкон - книга

    0 Like
  • И јас еве "преживеав" ... за да "раскажувам" колку е фе-но-ме-нал-на книгава :) Дефинитивно чиста 10ка, апсолутно браво за авторкава. Книгава исто толку добра, па можеби и за нијанса подобра од Јас те сакам повеќе. Вистинско уживање ми беше читањето на книгава, па кој сака одличен трилер- нека не ја пропушта :D

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter