Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Девојката Врана - Ерик Аксл Сунд

Автор 
Оцена
(33 оцени)

Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм!

Психолошки, крими трилер кој добро ќе ве извози, држејќи ве во неизвесност до крајот на третиот дел.

На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара.

Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара.

Инспекторката што ја води истрагата, Жанет Килберг, полека почнува да разоткрива цела мрежа на педофили и трговци со деца и бара помош од психијатар чија специјалност се токму децата и траумите од детството. Некој кој може да ѝ објасни како размислува еден педофил.

Софија Зетерлунд во моментот е фокусирана на двајца пациенти: Самуил Баи, дете-војник со тешки трауми и Викторија Бергман, жена со длабоки, неизлечени рани од детството. Особено ја фасцинира Викторија; таа никогаш во својата кариера нема работено со толку комплициран клиент. Зошто Бергман толку ја презира слабоста и која е нејзината слабост?

Софија Зетерлунд и Жанет Килберг почнуваат да соработуваат и се соочуваат со истото прашање: колку страдање може да поднесе и предизвика човек пред да престане да биде човек и да стане чудовиште?

Откако ги видов листите на најпродавани книги во неколку земји, како Германија, Хрватска, Франција, каде што трилогијата руши рекорди на продажба, а во меѓувреме и ми ја препорача еден воодушевен, страшно пребирлив љубител на трилери, го фатив првиот дел и тоа беше тоа. Не можев да престанам да читам. Дуото автори Ерик Аксл Сунд мајсторски се усовршиле во заедничкото пишување и така добро ми влегоа под кожа и ме извртеа што не можев да престанам да мислам на книгата додека не го прочитав крајот на третиот дел. Уникатна приказна каква што досега не сум прочитала. Препорачувам!

* Првиот дел веќе е во продажба, а за вториот и третиот нема да чекате многу, бидејќи ќе ги има во книжарниците уште во август!

„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.

Bodil Juggas, Arbetarbladet

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 390 страници
  • Цена на книгата: 420 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

Можеби ќе ти се допадне...

  • Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд

    Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм!

    Жанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм.

    На местото на злосторството има бизарни детали кои упатуваат на тоа дека станува збор за ритуално убиство или одмазда.

    Сè се враќа, сè се плаќа.

    ОД МИНАТОТО НЕ СЕ БЕГА.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Претпоставувам дека оваа е шведскиот трилер за кој зборуваше Ивана на саемот? Звучи навистина интересно, така да е ставена трилогијава на мојата листа за читање:) Да видиме баш дали е подобра од трилогијата Милениум :)

    0 Like
  • Гостин - Cameron

    Само што ја купив, ќе видиме дали е подобра од Милениум.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter