Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд

Автор 
Оцена
(23 оцени)

Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм!

Жанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм.

На местото на злосторството има бизарни детали кои упатуваат на тоа дека станува збор за ритуално убиство или одмазда.

Сè се враќа, сè се плаќа.

ОД МИНАТОТО НЕ СЕ БЕГА.

Психијатарката Софија Зетерлунд ѝ помага на Жанет во изработката на профил на сторителот, а нивното зближување дополнително ги комплицира сите работи, загрозувајќи го дури и животот на синот на инспекторката.

Во меѓувреме, Жанет ѝ влегува во трага на мистериозната Викторија Бергман која очигледно е клучна за решавање на овој замрсен лавиринт од злосторства...

Не можев да престанам да читам... Дуото автори Ерик Аксл Сунд мајсторски се усовршиле во заедничкото пишување и така добро ми влегоа под кожа и ме извртеа што не можев да престанам да мислам на книгата додека не го прочитав крајот на третиот дел.

Уникатна приказна каква што досега не сум прочитала. Препорачувам!

Специјална награда од Шведската академија за крими-романи, која ја оценува трилогијата како „Хипнотички занесна крими психоанализа“.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 360 страници
  • Цена на книгата: 420 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

Можеби ќе ти се допадне...

  • Девојката Врана - Ерик Аксл Сунд

    Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм!

    Психолошки, крими трилер кој добро ќе ве извози, држејќи ве во неизвесност до крајот на третиот дел.

    На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара.

    Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter