Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(61 оцени)

За љубителите на добар трилер оваа книга ќе претставува вистинско и огромно задоволство.

Ова е книга која ќе ве остави без сон, книга која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и целосно ќе ве освои. Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам содржината за да ја разбудам вашата љубопитност и да ве натерам да ја прочитате оваа интересна приказна која ќе ја паметите уште долго време откако ќе ја дочитате.

Во еден дом во Шведска се случува монструозно и многу свирепо убиство, убиено е целото семејство. Единствен преживеан е Јусеф, но и тој е со тешки повреди. Спасен е во последен миг иако полицаецот кој го открил убиството не забележал дека момчето е живо.

Оцена
(13 оцени)

На седмо небо

Роман што се чита во еден здив. Може да ги насмее и најнамуртените, но и да ги растревожи најхрабрите.

Приказната која се однесува за животот и можната смрт на едно извонредно интелигентно и луцидно момче, на лежерен начин говори за две универзални теми - смислата на битисувањето и границите на слободата.

„Исто така го чека својот погреб. Нема крв на лицето. Никакви грчеви ниту вртења во очите...“

Неизвесноста и збунетоста се клучните работи во овој роман. Кога завршив со читањето, размислував за смртта. Колку овој херој лесно се соочува со неа...

Оцена
(29 оцени)

Фатен на дело

Уште едно маестрално дело на Харлан Кобен кое ме остави без здив.

Хејли Меквејд има само седумнаесет години. Таа е добра девојка и гордост на семејството. Едно утро нејзината мајка не ја наоѓа в соба. Го наоѓа само празниот наместен кревет.

Хејли воопшто не си дошла дома претходната вечер.

Три месеци подоцна, сè уште ја нема Хејли. Нејзиното семејство живее со неизвесноста. Сè е подобро од она дека не знаат ништо. Во малото предградие во Њу Џерси почнуваат да се плетат приказни. Сите се сомневаат на најлошото.

Венди Тајнс е новинарка која води емисија за сексуални престапници.

Оцена
(38 оцени)

Снежниот човек

Зима е... ноемвриска ноќ... првиот снег во Осло.

Во дворот на малиот Јонас се појавува Снешко Белчо. Најверојатно го направиле децата од соседството. Снешкото не е свртен кон улицата. Гледа кон куќата. Ноќта Јонас има кошмари. Трча кон собата на мајка си, но неа ја нема. Само мокри стапалки по скалите. Надвор, на снешкото стои омилената розова марама на мајка му.

Инспекторот Хари Хул добива анонимно писмо. Потпишано е со Снежниот човек. Јасно му е дека станува збор за сериски убиец. Истражувајќи по полициските архиви, сфаќа дека ова не е прв ваков случај. Со години наназад исчезнуваат мажени жени. По една жена на првиот снег во годината.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter