Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(146 оцени)

Бија баја буф

Поаро повторно во акција! Според мене, највозбудливата, најдобрата и најмистериозна книга од Агата Кристи! Ве уверувам дека нема ни да можете да го замислете крајот!

Хотел за млади и студенти... Сестрата на госпоѓа Лемон, помошничката на Поаро, ги известува дека почнуваат да исчезнуваат многу работи за кои никако не може да пронајде нешто заедничко. Ранец, кармин, шал, киселини, штикли, нараквици... Oткако Поаро ќе започне да истражува, Селиа признава дека е виновна и дека ги украла некои од работите. Но по неколку дена, таа е пронајдена мртва! Но дали таа била толку наивна како што ја мислеле? Дали таа знаела повеќе отколку што мислеле?

Оцена
(575 оцени)

Парада на марионетките - Евгениј Хоуп

Кој е креаторот на нашите судбини? Што се случува кога патиштата се вкрстуваат, само за повторно да се разделат?

Понекогаш изгубените се пронаоѓаат еден со друг, многупати стануваат осамени на патот кон спојувањето. Роман кој трага по прашањата – што е вистинската љубов, од каде е потребата да љубиме и да бидеме љубени.

Ненадејна разделба од неколку месеци, после првото и единственото видување кое трае само неколку минути им ги менува очекувањата и смислата на нивното постоење. Заробени во своите мисли, двете животни приказни поминуваат низ спој на болка и опседнатост, длабоко чезнеење и чекори кон лудило.

Оцена
(34 оцени)

Ѕвездата на ѓаволот

Лето е во Осло. Маж и жена се во својот дом. Од таванот почнува да капе. Сигурно сосетката на горниот кат се поплавила. Младата жена е пронајдена мртва под тушот во нејзиниот стан. Показалецот на едната рака е отсечен. Под нејзиниот очен капак се наоѓа мал црвен дијамант во облик на ѕвезда. Детективот Хари Хул е назначен на случајот. Заедно со колегата Том Волер.

Да, Том Волер ја уби партнерката на Хари.
Да, Том Волер го уби осомничениот за нејзиното убиство и намести да изгледа како самоодбрана.
Да, Том Волер е валкан полицаец кој го раководи шверцот со оружје во Осло.
Да, Елен го откри тоа и затоа е мртва.
Да, Хари го знае тоа. Не, нема докази.

Оцена
(37 оцени)

Дванаесетте ноќи

Прослава на Божиќните празници во планински хотел на Алпите. За инспекторот Клуфтингер и неговата сопруга тоа требаше да биде одмор.

Хотелот организира крими игра. Сè што треба да направи инспекторот е да го одглуми славниот Херкул Поаро. Еден од гостите ја глуми „жртвата”, а „Поаро” го решава случајот. Сите гости се „осомничени”. Сè до оној момент кога навистина се појавува жртва. Еден од гостите е пронајден мртов. Во соба заклучена однатре.

Планинското место го зафаќа снежна бура. Никој не може да замине, ниту да дојде однадвор. Телефонските врски се отсечени, мобилните телефони немаат сигнал.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter