Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(107 оцени)

Пајакот се прикрадува

Доколку сте љубители на делата на Џејмс Патерсон, овој извонреден психолошки трилер ќе ви дојде како порачан. Помистериозно и поморничаво од било кога, Патерсон ја раскажува неверојатната приказна за еден монструозен сериски убиец, кој за себе вели дека нема ниту душа, ниту грижа на совест. Уште еден плус за ова дело е тоа што се базира на вистински настан, на кој авторот бил сведок со свои наполнети едвај десет години. Пајакот се прикрадува е мешавина од класичен роман, трилер акција и психолошко растројство. Досега сме сретнале секакви профили на немилосрдни убијци. Едни убиваат за пари, други од задоволство, трети од одмазда... Но, за разлика од нив, целта на ова „чудовиште’’ од човек е, верувале или не, да стане славен.

Оцена
(37 оцени)

На суров и подмолен начин - Патриша Корнвел

Патриша Корнвел - кралицата на форензичката наука. Нејзините трилер романи се едни од најпродаваните во New York Times.

Четвртиот случај на медицинскиот истражител Кеј Скарпета...

Доцна навечер, една тивка декемвриска ноќ во Ричмонд - сојузната држава на Виргинија, шефицата на судската патологија и медицинскиот истражител, Кеј Скарпета, се подготвува за најчудната обдукција досега. Предметот на обдукцијата - Рони Џо Вадел, уште е жив...

...но не за долго.

Оцена
(43 оцени)

Невин - Харлан Кобен

Мет Хантер имаше само дваесет години. Имаше блескава академска иднина. Една вечер се вмеша во тепачка меѓу братствата на колеџот. Го бранеше својот другар. Едно момче остана да лежи мртво. Мет заврши в затвор. Четири години во ќелија.

Девет години подоцна Мет и сопругата очекуваат принова. Купуваат нови мобилни телефони за да бидат постојано во контакт. Сопругата на Мет заминува на службено патување. Мет добива видео клип од нејзиниот телефон.

Неговата сопруга, снимена, во хотелска соба со љубовник. Неговата сопруга, исчезнува.

Снимениот љубовник, пронајден мртов.

Оцена
(27 оцени)

Одмазда - Ју Несбе

Откако се навлеков на првиот роман од Ју Несбе, морав да го прочитам и вториот. Кај некои писатели кога ќе прочиташ еден роман, исто како да си ги прочитал сите. Е овде тоа не е случај. Овој роман е дури подобар и позаплеткан од претходниот.

Оригиналниот наслов на норвешки е Sorgenfri или Ослободена од болката, англискиот превод е Nemesis, српскиот е Odmazda. Јас го избрав Одмазда.

Во полицијата има анонимна дојава за бомба во американската резиденција во Осло. Целата полиција е ангажирана таму. Во центарот на Осло се случува грабеж на банка. Вработената зад шалтерот ја држат како заложник со пиштолот вперен во главата.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter