Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(32 оцени)

Фарма на лешеви - Патриша Корнвел

“Колку сум среќна! Скоро е еден наутро, а мама не знае дека пишувам дневник, зашто сум в кревет со батериска ламба. Одевме во црква на вечера што сами си ја носевме, и Врен беше таму! Видов дека ме забележа. А потоа ми даде бомбона. Ја тргнав настрана кога не гледаше. Сега е во мојата тајна кутија. Утре попладне имаме состанок на младите, а тој сака да се најдеме порано и тоа да остане тајна!!!”

Ова се последните зборови во дневникот на единаесетгодишната Емили Стајнер.

Следниот ден попладне заминала в црква и никогаш не се вратила дома. Нејзиното тело е пронајдено неколку дена подоцна во мочуриштето близу малото гратче. Искасапеното детско тело алудира на сериски убиец.

Оцена
(67 оцени)

Шума - Харлан Кобен

И повторно мојот омилен автор на трилери Харлан Кобен.

Четворица тинејџери заминуваат во шумата на двоен љубовен состанок. Никогаш не се враќаат.

Телата на двајца од нив се пронајдени искасапени. Телата на другите двајца никогаш не ги наоѓаат.

Дваесет години подоцна, Пол Копланд работи како јавен обвинител и е на прагот да разреши еден од најкрупните судски случаи во својот живот кој може да му донесе кандидатура за гувернер.

Во приватниот живот, тој е самохран татко...

Оцена
(22 оцени)

Убиствен ум - П.Д.Џејмс

Кога првпат слушнав за П.Д.Џејмс мислев дека е машко. Кога ја прочитав книгава мислев дека вака напнат трилер може да напише само маж.

Дури на последната страница во кратката биографија дознав дека се работи за жена и тоа Баронеса Филиз Дороти Џејмс од Холанд Парк, родена 1920 година, што значи дека денес има 90 години.

Кога ја читате книгата имате впечаток дека дека се здружиле Агата Кристи и Артур Конан Дојл. Голем дел од нејзините книги се и филмувани, како на пример "Смрт во Светиот ред" (Death in Holy Orders) и "Соба на убиството" (The Murder Room). Филмот The Children of Men со Клајв Овен, Џулиен Мур и Мајкл Кејн е исто така сниман според нејзин роман.

Оцена
(27 оцени)

Новата година медицинскиот истражител Кет Скарпета ја поминува во празната куќа на својот колега...

Добива телефонски повик од полицаецот Јанг кој пријавува мртво тело на нуркач. Половина час подоцна детективот Рош пријавува мртво тело на нуркач. Полицаецот Јанг не постои.

Кој го пријави мртвото тело?

Нуркачот е идентификуван како новинарот Тед Едингс, познајник на Кет.

Неговото мртво тело е пронајдено десет метри под површината на реката, во близина на напуштеното бродоградилиште на Воената морнарица.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter