Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(61 оцени)

Против Катилина - Амели Нотомб

Емил и неговата сопруга Жилиет се возбудени од нивниот нов живот на село. Идиличниот пензионерски сон за удобна куќичка и мирни денови поминати во читање книги пред каминот се чинат реалност.

Животот не може да биде подобар од ова... Но, може да биде полош. Многу полош!

Нивниот единствен сосед почнува секој ден да им доаѓа на гости. Тој не зборува ништо... Доаѓа секој ден во исто време. И повторно не зборува ништо. Брачниот пар кој сè што бараше од животот беше малку мир - ќе биде дотуркан до самиот раб на лудило.

Романчето кое е малечко, ја буди напнатоста која расте со секоја наредна страна...

Оцена
(88 оцени)

Колекционер - Џон Фаулс

Како што пишува на корицата на романот: Ова е монструозна игра на разум и лудило!!! Колекционер го поставува Фаулс како писател за кого The Sunday Times ќе рече: "со голема моќ за фантазија".

За ова дело можам да кажам дека се издвојува по монструозноста која полека ќе ве зафати, сѐ додека чувството од нејзиното читање полека не ве зароби како и еден од ликовите во романот! На крајот ова е психолошки трилер, но и многу повеќе од тоа!

Колекционер е приказна за Фредерик и Миранда. Фредерик е осамен, повлечен службеник кој освојува голема сума на пари. Негова опсесија во животот му се пеперугите и нивното собирање, но исто така ја сака и фотографијата!

Оцена
(87 оцени)

Тешка измама - Френк Талис

"...Господе прости ми за ова што го сторив. Постои нешто што се нарекува забрането сознание. Тоа ќе ме одведе во пеколот - а таму нема надеж за покајание..."

Ако ова не ве привлече тогаш ќе ви кажам дека содржината е сместена во периодот на 1902 година во Виена! Светот во периодот на 1900, поточно Виена, е центарот на  филозофијата, науката и уметноста за кои можеш било каде да слушнеш дека се дебатира.

Ако се уште не сте заинтересирани прочитајте го и ова: Психоаналитичарот Др. Макс Либерман, ученик на Фројд, е повикан да ѝ помогне на полицијата во врска со истрагата околу убиство на млад спиритуалист - убиен со куршум во главата, вратата од станот е заклучена од внатре, а куршумот недостасува...

Оцена
(60 оцени)

Убиј ме нежно - Ники Френч

Оваа книга е дело на брачен пар, Шон Френч и Ники Џерард. Многу возбудлив психолошки трилер и интересна приказна за тоа како буквално животот може да ти се испреврти.

Алис Лаудон има сè. Прекрасен свршеник, успешна кариера, одлични пријатели и богат социјален живот. Сè на сè, живот каков што секој посакува. Но едно утро ќе сретне непознат човек од чиј поглед ќе затрепери. Вечерта ќе открие дека тој сеуште ја чека, па обземени од луда страст и без да се запознаат како што треба, двајцата ќе поминат дива ноќ во неговиот стан.

Тој е Адам Телис, привлечен авантурист и човек кој љуби опасност и жени.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter