Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(8 оцени)

Љубов. Страст. Опсесија...

Скај Саливан знае дека некој ја набљудува.

Што е уште полошо, знае дека цело време истиот тој некој ја следи.

Пред неколку месеци, целиот живот на Скај се променува после претрпена опасна сообраќајна несреќа, нејзината танцувачка кариера е завршена, после долги месеци на закрепнување и терапија, конечно и засекогаш се враќа во Чикаго. Скај е убедена дека оној кој ја следи и набљудува е предизвикувачот на сообрајќаната несреќа, но исто така е сигурна дека овој пат тој кој ја следи нема да запре сè додека таа не биде мртва.

Оцена
(38 оцени)

„Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј е. Нешто не е во ред со неа. Јас никогаш не бев добро, мало девојче, а работите станаа уште полоши после убиствата.“

Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. 

Оцена
(7 оцени)

„Што те плаши?“ 

Едно единствено прашање кое го поставува овој сериски убиец пред да ја фати својата жртва... Двајца брилијантни агенти – Еден совршен тим од соништата...

ФБИ Специјален Агент Моника Девенпорт – нејзината кариера е профилирање на сериски убијци, но чепкањето и влегувањето во мозокот на садистички, немилосрдни и сурови убијци си го зема својот даноктаа се затвора од светот, од луѓето, градејќи ѕидови околу себе... Но една единствена личност, еден маж ќе успее да ги пробие и сруши нејзините ѕидови – Лук Данте, кој исто така е ФБИ агент и е нов во единственот оддел во ФБИ кој е наречен Специјална Единица за Сериски Убијци.

Оцена
(139 оцени)

Ејми ја нема - Џилијан Флин

Предупредување: следи долга рецензија без влакно на јазик, бидејќи човек не може да ја прочита оваа книга двапати и да остане под контрола кога зборува за неа.

Светска трилерска сензација за 2012 година, книга со повеќе од 3 престижни награди за книга на годината, речиси веднаш дојде до првата позиција на листата на Њујорк Тајмс бестселери, продолжува да се јавува меѓу најпродаваните на свет веќе 42 недели и упорно броиме... Како преку ноќ да се здоби со илјадници интересни и позитивни критики, оваа книга ја направи Џилијан Флин една од најдобрите, најмрачните, најуникатните и најбараните авторки во светот. Па, љубопитна, посегнав и јас по неа, да видиме зошто целата таа врева. После читањето, можам само да кажам дека залудни се сите школи и факултети за пишување, она што го има госпоѓата Флин не се учи и не се развива.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter